+ -

عَنْ حَارِثَةَ بْنِ وَهْبٍ الخُزَاعِيِّ رضي الله عنه قَالَ: سَمِعْتُ النَّبِيَّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَقُولُ:
«أَلاَ أُخْبِرُكُمْ بِأَهْلِ الجَنَّةِ؟ كُلُّ ضَعِيفٍ مُتَضَعِّفٍ، لَوْ أَقْسَمَ عَلَى اللَّهِ لَأَبَرَّهُ، أَلاَ أُخْبِرُكُمْ بِأَهْلِ النَّارِ: كُلُّ عُتُلٍّ جَوَّاظٍ مُسْتَكْبِرٍ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 4918]
المزيــد ...

Од Хариса бин Вехб ел-Хузаи, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол:
„Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,Дали сакате да ве известам за жителите на Џенетот? Тоа е секој слаб и понизен човек, кој ако се заколне во Аллах, Тој ќе ја исполни неговата заклетва. И дали сакате да ве известам за жителите на Џехенемот? Тоа е секој груб, самобендисан и горделив човек‘.‘“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 4918]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, опишал некои од особините на жителите на Џенетот и Џехенемот.
Најголем дел од жителите на Џенетот се „слабите и понизните“ – оние кои се скромни, покорни на Аллах и ја понижуваат својата душа пред Него. Толку се понизни што некои луѓе ги сметаат за безначајни и ги потценуваат. Но, таквиот човек, доколку се заколне во Аллах, надевајќи се на Неговата добрина, Аллах би ја исполнил неговата заклетва, би му го прифатил барањето и би му одговорил на довата.
Најголем дел од жителите на Џехенемот се „грубите“ – жестоки, непопустливи во расправи, или расипани луѓе кои не се покоруваат на доброто; „самобендисаните“ – горделиви, луѓе со крупна градба кои се прејадуваат, самовендисани и се однесуваат арогантно; и „горделивците“ – оние кои ја отфрлаат вистината и ги потценуваат другите.

من فوائد الحديث

  1. Настојување да се украсиме со особините на жителите на Џенетот и предупредување од особините на жителите на Џехенемот.
  2. Понизноста кон Возвишениот Аллах се искажува преку покорност на Неговите наредби и забрани, со целосна предаденост на нив. А кон луѓето, таа се искажува со тоа што човекот не се воздигнува над нив и не се однесува со горделивост.
  3. Ибн Хаџер рекол: „Ова значи дека најголем дел од жителите на Џенетот се оние што се опишани во хадисот, исто како што најголем дел од жителите на Џехенемот припаѓаат на другата група. Но, тоа не значи дека ова важи за сите луѓе без исклучок.“
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التايلندية بشتو الأسامية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية النيبالية المجرية الجورجية
Преглед на преводи
Повеќе...