عَنْ أُسَامَةَ بْنِ زَيْدٍ رضي الله عنه قَالَ: قِيلَ لَهُ: أَلَا تَدْخُلُ عَلَى عُثْمَانَ فَتُكَلِّمَهُ؟ فَقَالَ: أَتَرَوْنَ أَنِّي لَا أُكَلِّمُهُ إِلَّا أُسْمِعُكُمْ؟ وَاللهِ لَقَدْ كَلَّمْتُهُ فِيمَا بَيْنِي وَبَيْنَهُ، مَا دُونَ أَنْ أَفْتَتِحَ أَمْرًا لَا أُحِبُّ أَنْ أَكُونَ أَوَّلَ مَنْ فَتَحَهُ، وَلَا أَقُولُ لِأَحَدٍ يَكُونُ عَلَيَّ أَمِيرًا: إِنَّهُ خَيْرُ النَّاسِ بَعْدَمَا سَمِعْتُ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَقُولُ:
«يُؤْتَى بِالرَّجُلِ يَوْمَ الْقِيَامَةِ، فَيُلْقَى فِي النَّارِ، فَتَنْدَلِقُ أَقْتَابُ بَطْنِهِ، فَيَدُورُ بِهَا كَمَا يَدُورُ الْحِمَارُ بِالرَّحَى، فَيَجْتَمِعُ إِلَيْهِ أَهْلُ النَّارِ، فَيَقُولُونَ: يَا فُلَانُ مَا لَكَ؟ أَلَمْ تَكُنْ تَأْمُرُ بِالْمَعْرُوفِ، وَتَنْهَى عَنِ الْمُنْكَرِ؟ فَيَقُولُ: بَلَى، قَدْ كُنْتُ آمُرُ بِالْمَعْرُوفِ وَلَا آتِيهِ، وَأَنْهَى عَنِ الْمُنْكَرِ وَآتِيهِ».
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 2989]
المزيــد ...
Од Усама бин Зејд, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека некој му рекол: „Зошто не одиш кај Осман и не поразговараш со него?“ Тој одговорил: „Зарем сметате дека ако му зборувам, тоа мора да го слушнете и вие? Се колнам во Аллах, јас веќе разговарав со него насамо, без да започнам нешто што не би сакал да бидам првиот што ќе го направи. Исто така, не велам за никого што ми е поставен како владетел дека е најдобриот од луѓето, откако го слушав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
,На Судниот ден ќе биде доведен човек и ќе биде фрлен во Огнот. Неговите црева ќе излезат надвор, и тој ќе се врти околу нив како што магарето се врти околу меленицата. Тогаш жителите на Огнот ќе се соберат околу него и ќе го прашаат: ,О, ти, што ти се случи? Зарем не наредуваше на доброто и не го забрануваше злото?‘ Тој ќе одговори: ,Да, јас наредував на доброто, но не го правев, и го забранував злото, но и самиот го правев.‘“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 2989]
На Усама бин Зејд, Аллах нека е задоволен со него, му било речено: „Зошто не одиш кај Осман бин Афан, Аллах нека е задоволен со него, и не разговараш со него за фитната што се појави меѓу луѓето, за да се потрудиш целосно да ја изгаснеш?“
Тој одговорил дека веќе разговарал со него насамо, барајќи го доброто, а не разгорување на фитната. Неговата цел била да не го осудува јавно пред луѓето, бидејќи тоа би можело да доведе до омаловажување на халифот, а тоа е врата кон фитната и злото – врата што не сака да биде првиот што ќе ја отвори.
Потоа Усама, Аллах нека е задоволен со него, додал дека ги советува владетелите насамо, без ласкање и лицемерие, дури и ако се емири, и дека не ги фали лажно. Ова го прави откако го слушнал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели дека на Судниот ден ќе биде доведен човек и ќе биде фрлен во Огнот. Неговите црева ќе излезат брзо, поради силната жештина и жестоката казна, и тој ќе се врти околу нив во Огнот, како што магарето се врти околу мелницата. Тогаш жителите на Огнот ќе се соберат околу него, формирајќи круг, и ќе го прашаат: „О, ти, зарем не беше од оние кои го наредуваа доброто и го забрануваа злото?“
Тој ќе одговори: „Да, јас наредував на доброто, но не го правев, и го забранував злото, но самиот го правев.“