عَنِ ابْنِ عَبَّاسٍ رضي الله عنهما قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«إِنَّ اللَّهَ يُحِبُّ أَنْ تُؤْتَى رُخَصُهُ، كَمَا يُحِبُّ أَنْ تُؤْتَى عَزَائِمُهُ».

[صحيح] - [رواه ابن حبان] - [صحيح ابن حبان: 354]
المزيــد ...

Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Аллах сака да се прифатат Неговите олеснувања, исто како што сака да се прифатат и Неговите строги наредби.“

[صحيح] - [رواه ابن حبان] - [صحيح ابن حبان - 354]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека Аллах сака да се применат Неговите олеснувања кои ги пропишал, како што се олеснувањата во прописите и обредите, и да му се олесни на оној кој има оправдана причина - како што е скратувањето и спојувањето на намазот при патувањето. Исто така, Аллах сака да се применуваат и Неговите строги наредби, бидејќи Неговите наредби за олеснувањата и наредбите се еднакви.

من فوائد الحديث

  1. Ова укажува на огромната Аллахова милост кон Неговите робови и дека Тој сака да се применуваат Неговите олеснувања.
  2. Совршенството на исламскиот верозакон и отстранувањето на потешкотиите од муслиманите.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (66)