+ -

عَنْ عَائِشَةَ أُمِّ المُؤْمِنينَ رَضِيَ اللهُ عَنْها قَالَتْ:
كَانَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ إِذَا أَمَرَهُمْ أَمَرَهُمْ مِنَ الأَعْمَالِ بِمَا يُطِيقُونَ، قَالُوا: إِنَّا لَسْنَا كَهَيْئَتِكَ يَا رَسُولَ اللَّهِ، إِنَّ اللَّهَ قَدْ غَفَرَ لَكَ مَا تَقَدَّمَ مِنْ ذَنْبِكَ وَمَا تَأَخَّرَ، فَيَغْضَبُ حَتَّى يُعْرَفَ الغَضَبُ فِي وَجْهِهِ، ثُمَّ يَقُولُ: «إِنَّ أَتْقَاكُمْ وَأَعْلَمَكُمْ بِاللَّهِ أَنَا».

[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري: 20]
المزيــد ...

Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува:
„Кога Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, им наредуваше нешто од делата, им наредуваше само онолку колку што можеа да поднесат. А тие велеа: ,Ние не сме како тебе, о Божји пратенику. Аллах ти ги има простено и минатите и идните гревови.’ Тогаш тој се лутеше, така што лутината се познаваше на неговото лице, па велеше: ,Навистина, најбогобојазливиот меѓу вас и оној што најмногу Го познава Аллах сум јас.’“

-

Објаснување

Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кога им наредувал на луѓето занекое дело, им го наредуваше само она што им беше лесно, а не нешто што би им било тешко – плашејќи се да не се изморат и да не можат да истраат во тоа. И тој самиот постапуваше во согласност со тоа олеснување што им го пропишуваше. Но, тие од него бараа да им наложи и построги обврски, мислејќи дека преку тоа ќе достигнат повисоки степени, како што му беше пропишано нему. Па велеа: „О, Божји пратенику, нашата состојба не е како твојата; Аллах ти ги има простено и минатите и идните гревови.“ Тогаш тој се лутеше – и тоа се забележуваше на неговото лице – па велеше: „Навистина, најбогобојазливиот меѓу вас и оној што најмногу Го познава Аллах сум јас. Затоа придржувајте се кон она што ви го наредувам.“

من فوائد الحديث

  1. Ибн Хаџер рекол: „Веровесникот им го наредувал само она што им е лесно, за да можат да истраат во тоа – како што рекол и во друг хадис: ,Најсаканото дело кај Аллах е постојаното.‘“
  2. Побожниот човек не треба да го престане да се труди во добрите дела, потпирајќи се само на својата побожност.
  3. Допуштено е човек да зборува за своите доблести, кога за тоа има потреба и ако е сигурен дека нема да премине во горделивост и самофалење.
  4. Најисправно во ибадетот е умереноста и истрајноста, а не претерувањето што води до запоставување.
  5. Ибн Хаџер рекол: „Кога тој што му служи на Аллах ќе ја достигне вистинската смисла на ибадетот и неговите плодови, тоа е уште поголем поттик да биде истраен во него – како благодарност за добиената благодат и молба за негово умножување.“
  6. Шеријатски е дозволено да се разгневи човек при непочитување на наредбата, и да се укаже на оној што има знаење и разбирање, ако се покаже слаб во сфаќањето – за да се поттикне на будност.
  7. Благоста и сочувството на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кон неговиот умет; и тоа дека верата е лесна, а шеријатот е исправен и широк.
  8. Силната желба на асхабите за ибадет и нивното тежнеење кон што е можно повеќе добри дела.
  9. Должноста да се остане во рамките на она што го одредил шеријатот – и кога се работи за обврска или за дозволено олеснување – и верувањето дека прифаќањето на олеснетото што е во согласност со шеријатот е подобро од барање на потешкото што е спротивно на него.
Превод: Индонезиски Бенгалски Виетнамски Курдски Португалски التايلندية الدرية المجرية الجورجية
Преглед на преводи
Повеќе...