+ -

عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه عَنِ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«مَنْ كَانَتْ لَهُ امْرَأَتَانِ فَمَالَ إِلَى إِحْدَاهُمَا، جَاءَ يَوْمَ الْقِيَامَةِ وَشِقُّهُ مَائِلٌ».

[صحيح] - [رواه أبو داود والترمذي والنسائي وابن ماجه وأحمد] - [سنن أبي داود: 2133]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Тој што има две жени и повеќе е наклонет кон едната, на Судниот ден ќе дојде, а едната страна ќе му виси.“

[صحيح] - - [سنن أبي داود - 2133]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека оној што има повеќе од една сопруга, а не постапува праведно меѓу нив според своите можности – во поглед на издршката, живеалиштето, облеката и ноќевањето – на Судниот ден ќе биде казнет така што неговото тело ќе биде навалено на едната страна. Оваа накривеност ќе биде последица на неговата неправда, како што бил наклонет кон едната во својот однос.

من فوائد الحديث

  1. Мажот е должен да постапува праведно во распределбата меѓу своите две или повеќе сопруги и забрането му е да биде наклонет кон едната на сметка на другата во она што е во негова контрола, како што се издршката, ноќевањето, однесувањето и слично.
  2. Изедначувањето во правата и распределбата важи за она што човекот го поседува и може да го контролира, додека љубовта и наклонетоста на срцето не спаѓаат во тоа. Ова е значењето на Аллаховите зборови:
  3. „Вие нема да можете кон сопругите свои потполно еднакво да постапувате, колку и да го сакате тоа.“ (Ен Ниса, 129)
  4. Наградата или казната ќе бидат според делото – оној што во овој свет бил наклонет кон едната сопруга на сметка на другата, на Судниот ден ќе дојде со накривена страна.
  5. Опасноста од невнимание на правата на луѓето и тоа дека тие не се простуваат лесно, бидејќи се засноваат на лични права и строгата правда.
  6. Пожелно е човекот да се ограничи на една сопруга доколку стравува дека нема да може да биде праведен меѓу нив, за да не направи пропуст во верата. Возвишениот Аллах вели:
  7. „А ако се плашите дека нема да бидете праведни, тогаш само со една.“ (Ен Ниса, 3)
Превод: Англиски Урду Индонезиски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التايلندية بشتو الأسامية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية النيبالية المجرية الجورجية
Преглед на преводи
Повеќе...