1. Дома
  2. Категории
  3. Фикх (исламско право) и методологија на фикхот

Хадис „Кога ќе настапи месецот рамазан – се отвораат вратите на Џенетот, се затвораат вратите на Џехенемот, и се оковуваат шејтаните.“

عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللهُ عَنْهُ أَنَّ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، قَالَ:
«إِذَا جَاءَ رَمَضَانُ فُتِّحَتْ أَبْوَابُ الْجَنَّةِ، وَغُلِّقَتْ أَبْوَابُ النَّارِ، وَصُفِّدَتِ الشَّيَاطِينُ».

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол:
„Кога ќе настапи месецот рамазан – се отвораат вратите на Џенетот, се затвораат вратите на Џехенемот, и се оковуваат шејтаните.“

صحيح متفق عليه صحيح مسلم - 1079

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека со настапувањето на месецот рамазан се случуваат три работи: 1. Се отвораат вратите на Џенетот и не се затвора ниту една од нив. 2. Се затвораат вратите на Џехенемот и не се отвора ниту една од нив. 3. Шејтаните и најнепокорните од џините се врзуваат во синџири, па не можат да делуваат врз луѓето како што тоа го прават во другите месеци. Сето ова е во чест и како одбележување на овој благословен месец – поттикнувајќи ги верниците да се посветат на покорност преку клањање, давање садака, спомнување на Аллах, читање на Куранот и други добри дела – и да се воздржат од гревови и непослушност.

Од придобивките на хадисот

  1. Вредноста на месецот рамазан.
  2. Овој благословен месец е радосна вест за постачите, затоа што претставува сезона на ибадет и добри дела.
  3. Врзувањето на шејтаните во рамазан укажува на тоа дека е отстранет секој изговор за напуштање на покорноста или за грешење. Со тоа му се порачува на шеријатскиот обврзник: „Шејтаните се спречени да влијаат врз тебе – затоа немаш оправдување да го оставиш ибадетот или да направиш грев.“
  4. Имамот Куртуби вели: „Ако некој праша: како е можно, иако шејтаните се врзани, сепак да гледаме зло и гревови во месецот рамазан? Одговорот е: – ова важи за оние што вистински постат, при што го чуваат својот пост според неговите услови и се придржуваат кон неговата етика и правила; – или, според некои преданија, во синџири се врзуваат само дел од шејтаните – најнепокорните, а не сите; – или, пак, значењето е дека навистина се намалува злото – и тоа е нешто видливо, бидејќи во рамазан се прави помалку зло отколку во другите месеци. Секако, тоа што шејтаните се врзани не значи дека злото и гревот целосно исчезнуваат – бидејќи постојат и други извори на зло: расипаните души, лошите навики и шејтаните во човечки облик.“

Преглед на преводи

43 Јазик
EN English الإنجليزية
UR اردو الأوردية
ES Español الإسبانية
ID Indonesia الإندونيسية
BN বাংলা البنغالية
TR Türkçe التركية
RU Русский الروسية
BS Bosanski البوسنية
SI සිංහල السنهالية
HI हिन्दी الهندية
ZH 中文 الصينية
FA فارسی الفارسية
VI Tiếng Việt الفيتنامية
TL Tagalog تجالوج
KU Kurdî الكردية
HA Hausa الهوسا
PT Português البرتغالية
ML മലയാളം المليالم
TE తెలుగు التلغو
SW Kiswahili السواحيلية
TA தமிழ் التاميلية
MY မြန်မာ البورمية
TH ไทย التايلندية
PS پښتو بشتو
AS অসমীয়া الأسامية
SQ Shqip الألبانية
SV Svenska السويدية
AM አማርኛ الأمهرية
NL Nederlands الهولندية
GU ગુજરાતી الغوجاراتية
PRS دری الدرية
SR Српски الصربية
RO Română الرومانية
HU Magyar المجرية
MOS Moore الموري
MG Malagasy المالاجاشية
KN ಕನ್ನಡ الكانادا
WO Wolof الولوف
UK Українська الأوكرانية
KA ქართული الجورجية
KM ភាសាខ្មែរ الخميرية
PA ਪੰਜਾਬੀ البنجابية
MR मराठी الماراثية