عَنِ ابْنِ عَبَّاسٍ رضي الله عنهما:
أَنَّ نَبِيَّ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ كَانَ يَقُولُ عِنْدَ الْكَرْبِ: «لَا إِلَهَ إِلَّا اللهُ الْعَظِيمُ الْحَلِيمُ، لَا إِلَهَ إِلَّا اللهُ رَبُّ الْعَرْشِ الْعَظِيمِ، لَا إِلَهَ إِلَّا اللهُ رَبُّ السَّمَاوَاتِ وَرَبُّ الْأَرْضِ وَرَبُّ الْعَرْشِ الْكَرِيمِ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 2730]
المزيــد ...

Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, пренесува дека
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во моменти на тешкотија и неволја изговарал: „Ла илахе иллеллаху ел-ʿАзим ел-Халим. Ла илахе иллеллаху Раббул-ʿАршил-ʿАзим. Ла илахе иллеллаху Раббус-семавати ве Раббул-ерд ве Раббул-ʿАршил-Керим.“ (Нема друг вистински бог освен Аллах, Возвишениот и Благиот. Нема друг вистински бог освен Аллах, Господарот на Величествениот Трон. Нема друг вистински бог освен Аллах, Господарот на небесата, земјата и Благородниот Трон.)

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 2730]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, при голема тешкотија и тага, изговарал: „Ла илахе иллеллах“ – Нема друг бог достоен за обожување освен Аллах.
„ел-Азим“ – Великиот по значење и положба, Возвишениот во Своето битие, својства и дела.
„ел-Халим“ – Благиот, Кој не го казнува грешникот веднаш, туку ја одложува казната, иако има моќ да го казни, а понекогаш му простува. „Ла илахе иллеллаху Раббул-Аршил-Азим“ – Нема друг бог освен Аллах, Господарот на величествениот Трон, Создателот на величествениот Трон.
„Ла илахе иллеллаху Раббус-семавати вел-ерд“ – Создателот на небесата и Земјата, Создателот на сè што има во нив, Нивниот Сопственик, Оној што ги одржува, и управува со нив онака како што Тој сака.
„Раббул-ʿАршил-Керим“ – Создателот на благородниот Трон.

من فوائد الحديث

  1. Задолжителноста човекот при неволја, страв или тешкотија да му се обрати на Аллах со дова.
  2. Препорачливо е да се изговори овој зикр при неволја.
  3. Аршот на Милостивиот, врз кој Возвишениот Аллах се издигнал, е највозвишеното, најголемото и највеличественото од сите создадени суштества. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го опишал како „величествен“ (ʿазим) и „благороден“ (керим).
  4. Небесата и Земјата се посебно спомнати затоа што тие се меѓу најголемите и највидливите созданија кои луѓето можат да ги набљудуваат.
  5. Ет-Тиби рекол: „Овој вид величење започнува со спомнувањето на Господарот, бидејќи токму Тој е Тој што ги отстранува тешкотиите – тоа му прилега на Господарството. Во него се содржи изразот ‘ла илахе иллеллах’, кој ги вклучува начелата на тевхидот (Аллаховото едноштво), што е основата на сите возвишени описни атрибути; и зборот ‘величествен’ (ʿазим) што упатува на совршена моќ; и зборот ‘благ’ (халим), кој упатува на совршено знаење – бидејќи оној што е без знаење, не може да биде благ ниту дарежлив – а токму благоста и дарежливоста се основата на сите возвишени особини на чест.“
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (42)