عَنْ عَائِشَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهَا أَنَّ رَسُولَ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«تَحَرَّوْا لَيْلَةَ القَدْرِ فِي الوِتْرِ مِنَ العَشْرِ الأَوَاخِرِ مِنْ رَمَضَانَ».

Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Барајте ја ноќта на Кадр во непарните ноќи од последната третина на рамазан.“

صحيح متفق عليه صحيح البخاري - 2017

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ги поттикнал верниците на вложување труд и настојување да се дочека ноќта на Кадр преку зголемена посветеност во добри дела, бидејќи најверојатно таа се наоѓа во непарните ноќи од последните десет ноќи од месецот рамазан – а тоа се: дваесет и првата, дваесет и третата, дваесет и петтата, дваесет и седмата и дваесет и деветтата ноќ.

Од придобивките на хадисот

  1. Вредноста на ноќта на Кадр и поттик за нејзиното барање.
  2. Од мудроста и милоста на Аллах е тоа што ја сокрил ноќта на Кадр, за верниците да ја бараат и да се посветат на ибадет во неа, па со тоа да се зголеми нивната награда.
  3. Ноќта на Кадр се наоѓа во последните десет ноќи од месецот рамазан, а најголемата веројатност е дека се наоѓа во непарните ноќи.
  4. Таа е една од ноќите во последната третина од рамазанот, ноќта во која Возвишениот Аллах го објавил Куранот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и ја возвеличил со тоа што ја направил подобра од илјада месеци – по својот бериќет, значење и наградата што ја носи доброто дело во неа.
  5. Ноќта на Кадр – со сукун на буквата „д“ (т.е. „кадр“, а не „кадер“) – е наречена така од два аспекта: Или поради нејзината вредност и чест – бидејќи се вели: „тој човек има голем кадр“, односно: висока вредност и положба. Во тој контекст, зборот „кадр“ ја опишува самата ноќ, значејќи: величествена и вредна ноќ, со висока положба и чест. На ова укажуваат зборовите на Возвишениот: „Ние започнавме да ја објавуваме во Благословената ноќ, и Ние навистина опоменуваме.“ (Ед-Духан, 3) Или поради значењето „одредување“ (кадер) – бидејќи оваа ноќ е поврзана со одредувањето на она што ќе се случува во текот на целата година. Во тој случај, поврзувањето на ноќта со „кадер“ претставува поврзување на времето со она што се случува во него. На тоа укажуваат и зборовите на Возвишениот Аллах: „Во оваа ноќ се одлучува секоја совршено одредена работа.“ (Ед-Духан, 4)

Преглед на преводи

46 Јазик
EN English الإنجليزية
UR اردو الأوردية
ES Español الإسبانية
ID Indonesia الإندونيسية
UG ئۇيغۇرچە الأيغورية
BN বাংলা البنغالية
TR Türkçe التركية
RU Русский الروسية
BS Bosanski البوسنية
SI සිංහල السنهالية
HI हिन्दी الهندية
ZH 中文 الصينية
FA فارسی الفارسية
VI Tiếng Việt الفيتنامية
TL Tagalog تجالوج
KU Kurdî الكردية
HA Hausa الهوسا
PT Português البرتغالية
ML മലയാളം المليالم
TE తెలుగు التلغو
SW Kiswahili السواحيلية
TA தமிழ் التاميلية
MY မြန်မာ البورمية
TH ไทย التايلندية
DE Deutsch الألمانية
PS پښتو بشتو
AS অসমীয়া الأسامية
SQ Shqip الألبانية
SV Svenska السويدية
AM አማርኛ الأمهرية
NL Nederlands الهولندية
GU ગુજરાતી الغوجاراتية
NE नेपाली النيبالية
PRS دری الدرية
SR Српски الصربية
RO Română الرومانية
HU Magyar المجرية
MOS Moore الموري
MG Malagasy المالاجاشية
KN ಕನ್ನಡ الكانادا
WO Wolof الولوف
UK Українська الأوكرانية
KA ქართული الجورجية
KM ភាសាខ្មែរ الخميرية
PA ਪੰਜਾਬੀ البنجابية
MR मराठी الماراثية