عَنْ أَبٍي سَعِيدٍ الخُدْرِيَّ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ:
أَنَّ النَّبِيَّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ جَلَسَ ذَاتَ يَوْمٍ عَلَى المِنْبَرِ وَجَلَسْنَا حَوْلَهُ، فَقَالَ: «إِنِّي مِمَّا أَخَافُ عَلَيْكُمْ مِنْ بَعْدِي، مَا يُفْتَحُ عَلَيْكُمْ مِنْ زَهْرَةِ الدُّنْيَا وَزِينَتِهَا» فَقَالَ رَجُلٌ: يَا رَسُولَ اللَّهِ، أَوَيَأْتِي الخَيْرُ بِالشَّرِّ؟ فَسَكَتَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، فَقِيلَ لَهُ: مَا شَأْنُكَ؟ تُكَلِّمُ النَّبِيَّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ وَلاَ يُكَلِّمُكَ؟ فَرَأَيْنَا أَنَّهُ يُنْزَلُ عَلَيْهِ؟ قَالَ: فَمَسَحَ عَنْهُ الرُّحَضَاءَ، فَقَالَ: «أَيْنَ السَّائِلُ؟» وَكَأَنَّهُ حَمِدَهُ، فَقَالَ: «إِنَّهُ لاَ يَأْتِي الخَيْرُ بِالشَّرِّ، وَإِنَّ مِمَّا يُنْبِتُ الرَّبِيعُ يَقْتُلُ أَوْ يُلِمُّ، إِلَّا آكِلَةَ الخَضْرَاءِ، أَكَلَتْ حَتَّى إِذَا امْتَدَّتْ خَاصِرَتَاهَا اسْتَقْبَلَتْ عَيْنَ الشَّمْسِ، فَثَلَطَتْ وَبَالَتْ، وَرَتَعَتْ، وَإِنَّ هَذَا المَالَ خَضِرَةٌ حُلْوَةٌ، فَنِعْمَ صَاحِبُ المُسْلِمِ مَا أَعْطَى مِنْهُ المِسْكِينَ وَاليَتِيمَ وَابْنَ السَّبِيلِ - أَوْ كَمَا قَالَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ - وَإِنَّهُ مَنْ يَأْخُذُهُ بِغَيْرِ حَقِّهِ، كَالَّذِي يَأْكُلُ وَلاَ يَشْبَعُ، وَيَكُونُ شَهِيدًا عَلَيْهِ يَوْمَ القِيَامَةِ».
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 1465]
المزيــد ...
Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, раскажува:
Еден ден Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, седна на минберот, а ние седнавме околу него. Тогаш рече:
„,Една од работите за кои стравувам за вас по мојата смрт е она што ќе ви се отвори од раскошот и украсите на овој свет.‘
Тогаш еден човек праша:
,О, Божји пратенику, зарем доброто носи зло?‘
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, замолкна, па некои му рекоа (на човекот):
,Што ти е? Му зборуваш на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, а тој не ти одговара?‘
Тогаш забележавме дека му доаѓа објава. Откако ја избриша потта од лицето, рече:
,Каде е тој што праша?‘
Откако донесе благодарност на Аллах, рече:
,Навистина, доброто не носи зло. Но, од она што го изникнува пролетта, некои растенија ја убиваат стоката или ја доведуваат до пропаст, освен тие што јадат од зелените растенија, сè додека стомакот не им се наполни. Потоа, кога ќе се свртат кон Сонцето, вршат измет и мократ, а потоа продолжуваат да пасат.
И навистина, овој имот е привлечен и сладок. Добар е за муслиманот ако од него дава на сиромашниот, сирачето и патникот.‘ – Или како што кажал веровесникот, салаллаху алејхи ве селем: ,А оној што го зема бесправно, ќе биде како оној што јаде, а не се наситува, и тој ќе му биде сведоштво против него на Судниот ден.‘“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 1465]
Еден ден веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, седна на минберот и им се обрати на своите асхаби, велејќи:
„Најмногу што се плашам и се грижам за вас по мојата смрт е она што ќе ви се овозможи од благодатите на земјата – раскошот на овој свет, неговите украси и убавина, удобноста, облеката, посевите и сè она со што луѓето се гордеат поради неговата привлечност, а сепак е краткотрајно.“
Тогаш еден човек праша:
„Раскошот на овој свет е благодат од Аллах. Дали оваа благодат може да се претвори во казна и несреќа?“
Луѓето го укорија бидејќи видоа дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, молчи и помислија дека се налутил.
Но, потоа им стана јасно дека му се објавува. Откако ја избриша потта од челото, рече:
„Каде е тој што праша?“
Човекот одговори:
„Јас сум.“
Потоа искажа благодарност на Аллах и рече:
„Вистинското добро носи само добро, но овој раскош не е чисто добро, бидејќи води кон искушение, натпреварување и зафатеност со него, што го одвлекува човекот од целосна посветеност на Ахиретот.“
Потоа даде споредба, велејќи:
„Навистина, пролетното зеленило, кое особено ја привлекува стоката, може да ја уништи поради преголемо јадење и прејадување или да ја доведе до пропаст. Освен стоката што јаде умерено – таа јаде сè додека не ѝ се наполни стомакот, па потоа се свртува кон Сонцето, врши измет или мокри, повторно ја враќа храната од желудникот, ја прежива, ја голта и продолжува да пасе.
И навистина, имотот е како зелена, вкусна билка – ако е прекумерен, може да уништи или да донесе пропаст, освен ако човекот зема само онолку колку што му е потребно и што му е доволно на дозволен начин, тогаш тоа не му штети. Овој имот е добар за муслиманот што од него дава на сиромашниот, сирачето и патникот. Оној што го зема на дозволен начин, нему му е благословен, а оној што го зема бесправно, ќе биде како оној што јаде, а никогаш не се наситува, и ќе му биде сведоштво против него на Судниот ден.“