عَنْ أَبِي مُوسَى رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ قَالَ: قَالَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«مَثَلُ الَّذِي يَذْكُرُ رَبَّهُ وَالَّذِي لاَ يَذْكُرُ رَبَّهُ، مَثَلُ الحَيِّ وَالمَيِّتِ»، ولفظ مسلم: «مَثَلُ الْبَيْتِ الَّذِي يُذْكَرُ اللهُ فِيهِ، وَالْبَيْتِ الَّذِي لَا يُذْكَرُ اللهُ فِيهِ، مَثَلُ الْحَيِّ وَالْمَيِّتِ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 6407]
المزيــد ...

Ебу Муса, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Примерот на оној што Го спомнува својот Господар и оној што не Го спомнува е како примерот на живиот и мртвиот.“ А во верзијата на Муслим стои: „Примерот на куќата во која се спомнува Аллах и куќата во која не се спомнува Аллах е како примерот на живиот и мртвиот.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 6407]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ја појаснил разликата меѓу оној што го спомнува Аллах и оној што не го спомнува, истакнувајќи дека таа разлика е како разликата помеѓу живиот и мртвиот во нивната корист и изглед.
Примерот на оној што го спомнува својот Господар е како примерот на живиот – неговата надворешност е украсена со светлината на животот, а внатрешноста со светлината на спознавањето, и во него има корист. А примерот на оној што не го спомнува Аллах е како примерот на мртвиот – неговата надворешност е безживотна, а внатрешноста празна, и во него нема никаква корист.
Исто така, и куќата се нарекува „жива“ ако нејзините станари го спомнуваат Аллах, а ако тие се немарни во спомнувањето на Аллах, тогаш тоа е „мртва“ куќа. А кога се користат изразите „жива“ или „мртва“ во контекст за куќата, всушност се мисли на нејзините станари.

من فوائد الحديث

  1. Поттик за спомнувањето на Аллах и предупредување од занемарувањето на тоа.
  2. Спомнувањето на Аллах е живот за душата, како што душата е живот за телото.
  3. Од упатството на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е користењето на примери за полесно разбирање на значењата.
  4. Имамот ен-Невеви рекол: „Овој хадис поттикнува на спомнување на Аллах во куќата, за да не остане празна од сеќавање на Него.“
  5. Имамот ен-Невеви рекол: „Ова исто така покажува дека долгиот живот во покорност кон Аллах е доблест, дури и ако починатиот преминува кон нешто подобро. Зашто, оној што е жив има можност да го достигне и дури да го надмине со добрите дела што ќе ги направи.“
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (46)