عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضيَ اللهُ عنهُ سمعتُ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يقولُ:
«أَلاَ إِنَّ الدُّنْيَا مَلْعُونَةٌ، مَلْعُونٌ مَا فِيهَا، إِلاَّ ذِكْرُ اللهِ وَمَا وَالاَهُ وَعَالِمٌ أَوْ مُتَعَلِّمٌ».

[حسن] - [رواه الترمذي وابن ماجه] - [سنن الترمذي: 2322]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, рекол: Го слушнав Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
„Знајте дека дуњалукот е проколнат – и проколнато е сè што се наоѓа во него, освен спомнувањето на Аллах, она што Тој го сака, и учениот или ученикот.“

[حسن] - [رواه الترمذي وابن ماجه] - [سنن الترمذي - 2322]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека овој свет како и сè што на него – е омразено кај Аллах, затоа што обично го одвлекува човекот од спомнување на Аллах и од покорност кон Него. Тоа е нешто без вистинска вредност во очите на Аллах, освен ако не е насочено кон Неговото задоволство.
Исклучок од ова се:
– спомнувањето на Аллах (зикр), – сè што води кон Неговата близина и послушност Нему, – учените што пренесуваат шеријатско знаење, – и оние што тоа знаење го бараат и го учат.

من فوائد الحديث

  1. Дуњалукот не треба да се проколнува во апсолутна смисла, бидејќи постојат хадиси што го забрануваат тоа. Но, дозволено е да се осуди она што од него го оддалечува човекот од Аллах и го попречува во покорноста.
  2. Сè што е од овоземните уживања е безвредна игра и забава – освен она што е насочено кон спомнувањето на Аллах и што води кон Неговата блискост.
  3. Хадисот ја истакнува вредноста на знаењето, и вредноста на оние што го поседуваат и го учат.
  4. Ибн Тејмије вели: „Од дуњалукот е осудено она што е харам и се користи надвор од дозволената цел, или она што е халал но се користи за натпреварување, горделивост, покажување и фалење. Тоа е она што е омразено кај разумните луѓе.“
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (37)