عَنِ الزُّبَيْرِ بْنِ العَوَّامِ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ عَنِ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«لَأَنْ يَأْخُذَ أَحَدُكُمْ حَبْلَهُ، فَيَأْتِيَ بِحُزْمَةِ الحَطَبِ عَلَى ظَهْرِهِ، فَيَبِيعَهَا، فَيَكُفَّ اللَّهُ بِهَا وَجْهَهُ خَيْرٌ لَهُ مِنْ أَنْ يَسْأَلَ النَّاسَ أَعْطَوْهُ أَوْ مَنَعُوهُ».

[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري: 1471]
المزيــد ...

Зубејр бин ел-Авам, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
,,Подобро е некој од вас да земе јаже, да донесе сноп дрва на грбот, да го продаде и со тоа Аллах да го заштити неговото лице, отколку да бара од луѓето – дали ќе му дадат или ќе го одбијат."

[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري - 1471]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека за човекот е подобро да се занимава со каква било работа – дури и да земе јаже, да собере дрва и да ги носи на грбот, потоа да ги продаде и од тоа да јаде или да подели како садака – со што ќе се заштити од понижувањето на просењето; отколку да бара од луѓето, па тие да му дадат или да го одбијат. Просењето е понижување, а верникот е чесен и достоинствен, а не понижен.

من فوائد الحديث

  1. Поттик за воздржаност од просење и целосно избегнување на тоа.
  2. Охрабрување за работа и обезбедување на егзистенција, дури и ако човекот се занимава со едноставна, или во очите на луѓето, безначајна работа.
  3. Исламот се спротивставува на просењето и мрзеливоста, па затоа ја пропишал обврската за труд и работа – дури и ако е напорна, како на пример собирањето дрва.
  4. Просењето не е дозволено кога човекот е способен да работи и да заработи за својот живот.
  5. Барањето помош од владетелот во состојба на вистинска потреба е дозволено, како што вели Возвишениот Аллах: „Ниту на тие на кои им рече кога ти дојдоа да им дадеш животни за јавање: ,Не можам да најдам за вас животни за јавање‘, па се вратија со насолзени очи, тажни што не можат да ги купат за борбата.“ (Ет Тевба, 92)
  6. Кој е принуден да побара поради немоќ да заработи и да се издржува, дозволено му е тоа, но без прекумерно и постојано инсистирање, како што Возвишениот Аллах вели: „Ќе ги познаеш по нивниот изглед, затоа што тие не им додеваат на луѓето просејќи.“ (Ел Бекаре, 273)
  7. Имамот ен-Невеви рекол: „Ова укажува на поттик за давање садака, за јадење од тоа што човекот го заработил со својата рака и за обезбедување егзистенција на дозволен начин.“
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (34)
Повеќе...