Категорија:

عَنْ أُمِّ المُؤْمِنِينَ أُمِّ عَبْدِ اللَّهِ عَائِشَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهَا، قَالَتْ: قَالَ: رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّم:
«مَنْ أَحْدَثَ فِي أَمْرِنَا هَذَا مَا لَيْسَ مِنْهُ فَهُوَ رَدٌّ». وَفِي رِوَايَةٍ لِمُسْلِمٍ: «مَنْ عَمِلَ عَمَلًا لَيْسَ عَلَيْهِ أَمْرُنَا فَهُوَ رَدٌّ».

[صحيح] - [رواه البخاري ومسلم] - [الأربعون النووية: 5]
المزيــد ...

Од мајката на верниците, Уму Абдуллах Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој, во нашата вера, ќе воведе нешто ново, што не е од неа, ќе му биде отфрлено.“ „Кој ќе направи дело кое не сме го наредиле, тоа дело е одбиено.“

[صحيح] - [رواه البخاري ومسلم] - [الأربعون النووية - 5]

Објаснување

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека кој измислува нешто ново во верата или прави дело што не е базирано врз Куранот и Сунетот, тоа ќе биде одбиено и нема да биде прифатено од Аллах.

من فوائد الحديث

  1. Ибадетите се базираат само врз Куранот и хадисот, ние не го обожуваме Аллах, Возвишениот, на друг начин освен на оној што ни е пропишан со верозаконот, а не според измислени новини.
  2. Верата не е подложна на формулирање според нечие мислење и не се одредува според тоа што се смета за убаво, туку е со следење на Аллаховиот пратеник, алејхи селам.
  3. Овој хадис укажува на совршеноста на верата.
  4. „Бидат“ е секоја измислица/новина што се внесува во верата, а која не постоела во времето на Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, и неговите асхаби, било да е верување, говор или дело.
  5. Овој хадис е еден од основите на исламот и служи како вага за делата. Како што за секое дело кое не е направено во име на Аллах сторителот нема да биде награден, истотака секое дело кое не е направено според традицијата на Аллаховиот пратеник нема да му се прифати на сторителот.
  6. Хадисот претставува правило за отфрлање на новововедените работи и за осудување на лошите работи.
  7. Измислени забранети работи се тие поврзани со верата, а не со овоземските работи.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (54)
Категории
Повеќе...