عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ:
عَنِ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ: «قَالَ اللَّهُ: كَذَّبَنِي ابْنُ آدَمَ وَلَمْ يَكُنْ لَهُ ذَلِكَ، وَشَتَمَنِي وَلَمْ يَكُنْ لَهُ ذَلِكَ، فَأَمَّا تَكْذِيبُهُ إِيَّايَ فَقَوْلُهُ: لَنْ يُعِيدَنِي، كَمَا بَدَأَنِي، وَلَيْسَ أَوَّلُ الخَلْقِ بِأَهْوَنَ عَلَيَّ مِنْ إِعَادَتِهِ، وَأَمَّا شَتْمُهُ إِيَّايَ فَقَوْلُهُ: اتَّخَذَ اللَّهُ وَلَدًا وَأَنَا الأَحَدُ الصَّمَدُ، لَمْ أَلِدْ وَلَمْ أُولَدْ، وَلَمْ يَكُنْ لِي كُفْؤًا أَحَدٌ».
[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري: 4974]
المزيــد ...
Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека:
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: Аллах рекол: ,Човек лаже за Мене, а нема право да го прави тоа, и Ме навредува, а нема право да го прави тоа. Што се однесува за лагата – тоа се неговите зборови: Нема да ме оживее како што ме создал првиот пат, а создавањето првиот пат не е ништо потешко од тоа да го оживеам повторно. А што се однесува до тоа дека Ме навредува, тоа го прави со неговите зборови: ,Аллах зеде дете за себе! А Јас сум Еден и Прибежиште на сите, од Кого сè зависи! Јас не родив, ниту се родив, и никој не Ми е рамен!‘“
[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري - 4974]
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, во овој хадис-кудси објаснува дека Возвишениот нè известува за многубошците и неверниците кои Го негираат и Го опишуваат со недостатоци и маани, нашиот Господар, Аллах. А тоа тие не смеат да го прават.
Тие сметаат дека Семоќниот Аллах лаже тврдејќи дека нема да ги оживее по смртта како што ги создал и им дал живот првиот пат од ништо. Затоа Севишниот им одговара дека Оној што ги создал од ништо е во состојба да ги врати во живот по смртта. Напротив, уште полесно Му е, иако низ призмата на Создателот сè е лесно – и да создаде и да оживее. Возвишениот е способен за сè.
Што се однесува до нивното богохулење кон Аллах, тие тврдат дека Тој има дете. Севишниот им одговара велејќи дека Тој е Еден, и се одликува со сите карактеристики на совршеност во сите Негови имиња, атрибути и дела. Тој е чист од секоја мана и недостаток и Тој е прибежиште за сите. Нема потреба од никого, а сите имаат апсолутна потреба од Него. Никого не родил, ниту се родил, и никој не Му е рамен.