عَن عَبْدِ اللهِ بْنِ عَمْرِو بْنِ الْعَاصِ رضي الله عنهما أَنَّهُ سَمِعَ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، يَقُولُ:
«إِنَّ قُلُوبَ بَنِي آدَمَ كُلَّهَا بَيْنَ إِصْبَعَيْنِ مِنْ أَصَابِعِ الرَّحْمَنِ، كَقَلْبٍ وَاحِدٍ، يُصَرِّفُهُ حَيْثُ يَشَاءُ» ثُمَّ قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ: «اللهُمَّ مُصَرِّفَ الْقُلُوبِ صَرِّفْ قُلُوبَنَا عَلَى طَاعَتِكَ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2654]
المزيــد ...

Абдулах бин Амр бин Ел-Ас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува дека слушал како Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели:
„Сите срца на потомците на Адем се меѓу два прста од прстите на Милостивиот – како едно срце – и Тој ги насочува како што сака.“ Потоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: „О Аллах, Ти што ги насочуваш срцата – насочи ги нашите срца кон Твојата покорност.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2654]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека срцата на сите потомци на Адем се наоѓаат меѓу два прста од прстите на Милостивиот – како едно срце – и Тој ги насочува како што сака: ако сака, го зацврстува на вистината, а ако сака, го оддалечува од неа. Неговото управување со срцата е како управување со едно – ниту една работа не Го одвлекува од друга.
Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, упатил дова и рекол: „О Аллах, Ти што ги насочуваш срцата – понекогаш кон покорност, понекогаш кон непокорност, понекогаш кон спомнување, а понекогаш кон немарност – насочи ги нашите срца кон Твојата покорност.“

من فوائد الحديث

  1. Потврда на кадерот (Божјата предодредба), и дека Аллах ги насочува срцата на Неговите робови според она што го одредил за нив.
  2. Муслиманот треба постојано да го моли својот Господар за истрајност на вистината и упатството.
  3. Стравопочит кон Аллах и целосно потпирање исклучиво на Него – без да Му се припишуваат здруженици.
  4. Ел-Аџури рекол: „Следбениците на вистината Го опишуваат Возвишениот Аллах со она со што Тој Самиот Се опишал, со она со што Го опишал Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и со она со што Го опишале асхабите, Аллах нека е задоволен со нив. Тоа е ставот на учените кои ја следат вистината, а не на оние кои внесуваат новотарии.“ – крај на цитатот.
  5. Следбениците на Сунетот ги потврдуваат за Аллах сите Негови имиња и атрибути што Тој Самиот Си ги припишал – без извртување, негирање, прашување за нивната форма или споредување со созданијата. Истовремено, од Аллах негираат сè што Тој Самиот за Себеси го негирал, а молчат за сè за што нема ниту потврда, ниту негација. Возвишениот Аллах вели: „Ништо Нему не му е слично! Тој сè слуша и сè гледа.“
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (42)