عَنْ عَائِشَةَ أُمِّ المؤْمنينَ رَضيَ اللهُ عنها قَالَت:
كَانَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ إِذَا أَتَى الْمَرِيضَ يَدْعُو لَهُ قَالَ: «أَذْهِبِ الْبَاسَ، رَبَّ النَّاسِ، وَاشْفِ أَنْتَ الشَّافِي، لَا شِفَاءَ إِلَّا شِفَاؤُكَ، شِفَاءً لَا يُغَادِرُ سَقَمًا».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 2191]
المزيــد ...

Мајката на верниците, Аиша – Аллах нека е задоволен со неа – пренесува дека
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе посетеше болен човек, се молеше за него и велеше: „Отстрани ја болеста, Господару на луѓето! Излечи го – Ти си Исцелителот! Нема исцелување освен Твоето исцелување – излекување што не остава никаква болест зад себе.“ (Езхибил-бе'се раббен-наси, вешфи ве ентеш-шафи, ла шифае илла шифауке, шифаен ла југадиру секамен)

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 2191]

Објаснување

Кога Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ќе посетеше болен, на Аллах му упатуваше дова за него, велејќи: О, Аллах, „отстрани ја“ и оттргни ја „болеста“ и тежината на болеста! „Господару на луѓето“, нивен Создател и Снабдувач, „излечи го“ овој болен – „Ти си“, Славен и Возвишен, „Исцелителот!“ Те молам со Твоето Име „Еш-Шафи“ – Лекувачот – „нема излекување“, Ти си Единствениот чиј лек е вистински лек, „освен Твоето излекување“ – целосно и потполно, „излекување што не остава зад себе никаква болест.“

من فوائد الحديث

  1. „Еш-Шафи“ – Лекувачот – е Возвишениот Аллах, додека лекарот и лекот се само причина или средство, кои сами по себе не можат ниту да користат ниту да наштетат – освен со Аллахова дозвола.
  2. Посетата на болниот е едно од правата кои треба да се почитуваат помеѓу муслиманите, а кога станува збор за роднини – тогаш таа обврска е уште поголема.
  3. Поттик за секого што посетува болен да направи дова за него со оваа благословена и автентична веровесничка дова.
  4. Од практиката на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е лекувањето со шеријатска рукја – преку Куран и убави дови. Тој, салаллаху алејхи ве селем, се лечел со рукја кога бил болен, а истото го правел за своето семејство како и за другите луѓе.
  5. Ибн Хаџер вели: „Некои се прашуваат: зошто да се прави дова за излекување на болниот, кога болеста е средство за бришење на гревовите и причина за награда – што е потврдено во бројни хадиси?
  6. Одговорот е: правењето дова е ибадет и не противречи на добивањето награда и бришењето на гревовите, бидејќи тие се постигнуваат уште со самото појавување на болеста и трпението при болеста. Оној што прави дова, тој е меѓу две добра: или ќе му биде прифатена довата и ќе оздрави, или – ако не – ќе му биде надоместено со нешто уште подобро: или со некаква корист, или со спречување на некое зло. А сето тоа е од Аллаховата милост.“
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (40)
Повеќе...