عَنْ أَبِي سَعِيدٍ الخُدْرِيِّ رضي الله عنه أَنَّ النَّبِيَّ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«إِنَّ مِنْ أَعْظَمِ الجِهَادِ كَلِمَةَ عَدْلٍ عِنْدَ سُلْطَانٍ جَائِرٍ».

[حسن لغيره] - [رواه أبو داود والترمذي وابن ماجه وأحمد] - [سنن الترمذي: 2174]
المزيــد ...

Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Еден од најголемите видови на џихад е да се каже праведен збор пред неправеден владетел.“

[حسن لغيره] - [رواه أبو داود والترمذي وابن ماجه وأحمد] - [سنن الترمذي - 2174]

Објаснување

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека еден од најголемите и најкорисните видови на џихад на Аллаховиот пат е да се изговори праведен и вистинит збор пред неправеден и угнетувачки владетел или емир.
Ова е затоа што со тоа се спроведува начелото на наредување на доброто и спречување на злото, без разлика дали тоа е преку говор, пишување, дело или кој било друг начин што носи корист и отстранува штета.

من فوائد الحديث

  1. Наредувањето на доброто и спречувањето на злото се дел од џихадот.
  2. Советувањето на владетелот е еден од најголемите видови на џихад, но мора да се спроведува со знаење, мудрост и претпазливост.
  3. Имамот Хатаби рекол:
  4. „Ова се смета за еден од најголемите видови на џихад затоа што оној што се бори против непријателот е во состојба на неизвесност – не знае дали ќе победи или ќе биде поразен.
  5. Додека, пак, оној што му се спротивставува на владетелот е потчинет под неговата власт. Кога ќе ја изговори вистината и ќе го повика кон доброто, тој себеси се изложува на опасност и пропаст. Па поради надвладувачкиот страв, овој облик на џихад се смета за еден од најдобрите видови.
  6. Некои велат дека тоа е најдобриот вид на џихад, бидејќи, доколку владетелот го прифати советот, од тоа може да има корист голем број луѓе, што води кон општа корист.“
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (50)