عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ عَنْ رَسُولِ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«قَالَ اللَّهُ تَبَارَكَ وَتَعَالَى: أَعْدَدْتُ لِعِبَادِي الصَّالِحِينَ، مَا لاَ عَيْنٌ رَأَتْ، وَلاَ أُذُنٌ سَمِعَتْ، وَلاَ خَطَرَ عَلَى قَلْبِ بَشَرٍ» قَالَ أَبُو هُرَيْرَةَ: اقْرَؤُوا إِنْ شِئْتُمْ: {فَلاَ تَعْلَمُ نَفْسٌ مَا أُخْفِيَ لَهُمْ مِنْ قُرَّةِ أَعْيُنٍ} [السجدة: 17].

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 4779]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Возвишениот Аллах вели: ,За Моите добри робови подготвив нешто што ниту око видело, ниту уво чуло, ниту некому некогаш му дошло на ум.‘“ Ебу Хурејре потоа рече: „Ако сакате, цитирајте го ајетот: ,И никој не знае какви, како награда за тоа што го правеле, скриени радости ги очекуваат.‘“ (Ес-Сеџде, 17)

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 4779]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека Возвишениот Аллах рекол: „За Моите добри робови во Џенетот подготвив почест каква што окото не видело, увото не чуло, и никогаш на такво нешто не помислил умот на ниту еден човек.“ Потоа Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, рече: Ако сакате, (доказ) прочитајте го ајетот:
„И никој не знае какви, како награда за тоа што го правеле, скриени радости ги очекуваат.“ (Ес-Сеџда, 17)

من فوائد الحديث

  1. Овој хадис, во кој Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесува од Аллах, се нарекува хадис кудси или хадис илахи (божествен хадис). Тоа е хадис чиишто изрази и значења се од Семоќниот Аллах, но ги нема оние карактеристики на Куранот со кои тој се одликува, како што се: неговото цитирање претставува чин на обожување, обврската да бидеме чисти кога го допираме, Куранот е објавен како предизвик за сите луѓе и некои други специфичности.
  2. Поттик за вршење добри дела и напуштање на забранетото, со цел да се заслужи она што Аллах го подготвил за Своите добри робови.
  3. Возвишениот Аллах не нè известил – ниту во Неговата Книга, ниту преку Својот пратеник – за сè што се наоѓа во Џенетот; а она што не го знаеме е уште поголемо и посовршено од она што го знаеме.
  4. Укажување на совршенството на џенетските уживања – во кои ниту една форма на мака, непријатност и вознемиреност.
  5. Задоволства на овој свет се минливи – а Ахиретот е подобар и вечен.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (40)