عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«مِنْ حُسْنِ إِسْلَامِ المَرْءِ تَرْكُهُ مَا لَا يَعْنِيهِ».
[قال النووي: حديث حسن] - [رواه الترمذي وغيره] - [الأربعون النووية: 12]
المزيــد ...
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Од убавината на исламот – верата на еден човек, е да го остави она што не го засега.“
[قال النووي: حديث حسن] - [رواه الترمذي وغيره] - [الأربعون النووية - 12]
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека дел од совршенството на убавината на исламот на муслиманот и од потполноста на неговиот иман е оддалечувањето од она што не го засега, не го допира, не го интересира и не му носи корист – било тоа да се зборови или дела, или пак нешта што не се однесуваат на него, во верата или во дуњалукот. Причината е дека занимавањето со она што не е негова работа може да го одврати од она што навистина го засега, или да го одведе кон нешто што е должен да го избегнува. Навистина, човекот ќе биде одговорен за своите дела на Судниот ден.