عَنْ أَبِي بَكْرٍ الصِّدِّيقِ رضي الله عنه أَنَّهُ قَالَ: أَيُّهَا النَّاسُ، إِنَّكُمْ تَقْرَؤُونَ هَذِهِ الآيَةَ: {يَا أَيُّهَا الَّذِينَ آمَنُوا عَلَيْكُمْ أَنْفُسَكُمْ لاَ يَضُرُّكُمْ مَنْ ضَلَّ إِذَا اهْتَدَيْتُمْ}، وَإِنِّي سَمِعْتُ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَقُولُ:
«إِنَّ النَّاسَ إِذَا رَأَوْا الظَّالِمَ فَلَمْ يَأْخُذُوا عَلَى يَدَيْهِ أَوْشَكَ أَنْ يَعُمَّهُمُ اللَّهُ بِعِقَابٍ مِنْهُ».

[صحيح] - [رواه أبو داود والترمذي والنسائي في الكبرى وابن ماجه وأحمد] - [سنن الترمذي: 2168]
المزيــد ...

Од Ебу Бекр ес-Сидик, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Луѓе вие го читате овој ајет: „О, верници, грижете се за себе; ако сте на Вистинскиот пат, нема да ви наштети тој што заталкал!" А јас го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
„Кога луѓето ќе го видат зулумќарот (насилникот) и нема да го спречат, Аллаховата казна наскоро ќе ги опфати сите.“

[صحيح] - [رواه أبو داود والترمذي والنسائي في الكبرى وابن ماجه وأحمد] - [سنن الترمذي - 2168]

Објаснување

Ебу Бекр ес-Сидик, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека луѓето го рецитираат следниот ајет:
„О, верници, грижете се за себе; ако сте на Вистинскиот пат, нема да ви наштети тој што заталкал!" (Ел Маиде, 105)
И го разбираат на начин дека човекот треба да се грижи само за сопствената исправност, мислејќи дека, откако ќе го стори тоа, нема да му наштети заблудата на другите и дека не се должни да наредуваат добро и да го спречуваат злото.
Тој им објаснил дека ајетот не се толкува на тој начин и дека го слушнал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Кога луѓето ќе го видат зулумќарот (насилникот) и нема да го спречат во неговото угнетување, и кога имаат можност да го спречат, Аллах ќе ги опфати сите со Својата казна – и оној што го правел злото, и оној што молчел пред него.“

من فوائد الحديث

  1. Обврска на муслиманите е да се советуваат меѓусебно, да наредуваат добро и да го спречуваат злото.
  2. Аллаховата општа казна ги опфаќа и зулумќарот за неговото угнетување, како и оној што молчи и не го осудува злото, иако бил во можност да го спречи.
  3. Подучувањето на луѓето и објаснувањето на куранските текстови мора да биде на исправен начин.
  4. Човекот е должен да се стреми кон правилното разбирање на Аллаховата Книга, за да не ја толкува спротивно на она што Аллах го бара.
  5. Упатствоto не е целосно доколку се занемари наредувањето на доброто и спречувањето на злото.
  6. Исправното толкување на ајетот гласи: „Придржувајте се кон тоа да ги заштитите вашите души од гревови. Ако ги заштитите вашите души, нема да ви наштети ако не успеете да наредувате добро и да спречувате зло, ниту ќе ви наштети заблудата на оние кои ги прават забранетите дела, сè додека вие сте упатени да ги избегнувате.“
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (53)