عَنْ ثَوْبَانَ رضي الله عنه قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«أَفْضَلُ دِينَارٍ يُنْفِقُهُ الرَّجُلُ، دِينَارٌ يُنْفِقُهُ عَلَى عِيَالِهِ، وَدِينَارٌ يُنْفِقُهُ الرَّجُلُ عَلَى دَابَّتِهِ فِي سَبِيلِ اللهِ، وَدِينَارٌ يُنْفِقُهُ عَلَى أَصْحَابِهِ فِي سَبِيلِ اللهِ» قَالَ أَبُو قِلَابَةَ: وَبَدَأَ بِالْعِيَالِ، ثُمَّ قَالَ أَبُو قِلَابَةَ: وَأَيُّ رَجُلٍ أَعْظَمُ أَجْرًا مِنْ رَجُلٍ يُنْفِقُ عَلَى عِيَالٍ صِغَارٍ، يُعِفُّهُمْ أَوْ يَنْفَعُهُمُ اللهُ بِهِ وَيُغْنِيهِمْ.

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 994]
المزيــد ...

Севбан, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Најдобрите пари што човекот може да ги потроши се парите што ги троши на своето семејство, парите што ги троши за јаваницата за јавање на Аллаховиот пат, и парите што ги троши за своите другари на Аллаховиот пат.“ Ебу Килаба рекол: „Тој прво започна со семејството.“ Потоа додал: „Кој може да има поголема награда од оној кој се грижи за своите мали деца, ги прави чесни, им користи или ги прави независни преку својата грижа?“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 994]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги објаснил различните видови на трошење и ги подредил според приоритетите кога има повеќе потреби, започнувајќи од најважното. Најпрво, истакнал дека најголема награда има за имотот што муслиманот го троши за оние за кои е обврзан да се грижи, како сопругата и децата. Потоа следи трошењето за животното за јавање што го користи за борба на Аллаховиот пат. На крајот, трошењето за другарите и придружниците кои учествуваат во борбата на Аллаховиот пат.

من فوائد الحديث

  1. Редоследот на трошењето на парите според неговата вредност е утврден како што е наведено и треба да се почитува кога постојат повеќе потреби.
  2. На прво место е трошењето за издржување на семејството, кое има најголем приоритет над останатите потреби.
  3. Потоа следи трошењето за џихадот на Аллаховиот пат, кои спаѓаат меѓу најзначајните трошоци, како што е обезбедувањето на опрема и подготвувањето луѓе за борба.
  4. Под „Аллаховиот пат“ се подразбира секое добро дело, во кој спаѓа и хаџот, на пример.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (52)