1. Дома
  2. Категории
  3. Фикх (исламско право) и методологија на фикхот

Хадис „Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, ја проколнал таа што додава вештачка коса, како и таа што го бара тоа; и таа што тетовира, како и таа што бара да биде тетовирана.“

عن عبد الله بن عمر رضي الله عنهما قال:
لعن النبي صلى الله عليه وسلم الوَاصِلَةَ والمُسْتَوْصِلَةَ، والوَاشِمَةَ والمُسْتَوشِمَةَ.

Абдулах бин Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува:
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, ја проколнал таа што додава вештачка коса, како и таа што го бара тоа; и таа што тетовира, како и таа што бара да биде тетовирана.“

صحيح متفق عليه صحيح البخاري - 5947

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, упатил дова за проклетство, отфрлање и оддалечување од Аллаховата милост за четири категории: 1. Таа што себеси или на друга ѝ додава вештачка коса. 2. Таа што бара од друга да ѝ се додаде вештачка коса. 3. Таа што тетовира – боцкајќи со игла делови од телото, како лицето, дланките или градите, а потоа нанесува боја сè додека местото не добие синкава или зеленикава трага – со цел за украс и разубавување. 4. Таа што бара да биде тетовирана. Ваквите постапки се вбројуваат меѓу големите гревови.

Од придобивките на хадисот

  1. Ибн Хаџер рекол: „Забраната се однесува на додавањето коса на коса. Но, ако жената ја продолжи косата со нешто што не е коса – како крпа или слично – таквото дело не потпаѓа под оваа забрана.“
  2. Забрането е соработувањето во грев и престап.
  3. Забрана за менување на Аллаховото создание, бидејќи тоа е измама и прикривање на вистината.
  4. Дозволено е да се проколнат оние што Аллах и Неговиот пратеник ги проколнале – кога станува збор за општа одредба, а не поединечно.
  5. Во забраната за додавање коса денес спаѓа и носењето перика, поради тоа што претставува имитирање на неверниците, како и измама и прикривање.
  6. Ел-Хатаби рекол: „Ова силно предупредување е пренесено поради тоа што во овие дела има измама и лажно претставување. Доколку нешто од тоа би било дозволено, тоа би отворило врата и за други облици на измама. Воедно, во нив има менување на Аллаховото создание, на што укажува хадисот на Ибн Месуд: ,...тие што го менуваат Аллаховото создание.‘“
  7. Имамот Невеви рекол: „Тетовирањето е забрането – и за таа што го прави и за таа што бара да ѝ се направи. Местото што е тетовирано станува верски нечисто. Ако може да се отстрани со лекување, тоа е обврска. Ако пак не може да се отстрани освен со хируршка интервенција, а тоа би предизвикало штета, губење на орган, негова функција или сериозен недостаток на видлив дел од телото – тогаш не е обврска да се отстрани. Ако човекот се покае, гревот му се брише – дури и ако тетоважата остане. Но ако нема оправдана пречка, должен е да ја отстрани, а секое неоправдано одложување претставува грев.“ Завршен цитат

Преглед на преводи

38 Јазик
EN English الإنجليزية
UR اردو الأوردية
ID Indonesia الإندونيسية
BN বাংলা البنغالية
TR Türkçe التركية
RU Русский الروسية
BS Bosanski البوسنية
SI සිංහල السنهالية
HI हिन्दी الهندية
ZH 中文 الصينية
FA فارسی الفارسية
VI Tiếng Việt الفيتنامية
TL Tagalog تجالوج
KU Kurdî الكردية
HA Hausa الهوسا
PT Português البرتغالية
ML മലയാളം المليالم
TE తెలుగు التلغو
SW Kiswahili السواحيلية
MY မြန်မာ البورمية
TH ไทย التايلندية
PS پښتو بشتو
AS অসমীয়া الأسامية
SQ Shqip الألبانية
AM አማርኛ الأمهرية
NL Nederlands الهولندية
GU ગુજરાતી الغوجاراتية
PRS دری الدرية
SR Српски الصربية
RO Română الرومانية
HU Magyar المجرية
MOS Moore الموري
KN ಕನ್ನಡ الكانادا
UK Українська الأوكرانية
KA ქართული الجورجية
KM ភាសាខ្មែរ الخميرية
PA ਪੰਜਾਬੀ البنجابية
MR मराठी الماراثية