+ -

عن أَبِي أُمَامَةَ إِياسِ بنِ ثَعْلَبَةَ الحَارِثِيِّ رضي الله عنه أَنَّ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«مَنِ اقْتَطَعَ حَقَّ امْرِئٍ مُسْلِمٍ بِيَمِينِهِ، فَقَدْ أَوْجَبَ اللهُ لَهُ النَّارَ، وَحَرَّمَ عَلَيْهِ الْجَنَّةَ» فَقَالَ لَهُ رَجُلٌ: وَإِنْ كَانَ شَيْئًا يَسِيرًا يَا رَسُولَ اللهِ؟ قَالَ: «وَإِنْ قَضِيبًا مِنْ أَرَاكٍ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 137]
المزيــد ...

Ебу Умаме, Ијас бин Салебе ел-Хариси, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„,Кој со лажно колнење ќе го присвои правото на некој муслиман, Аллах му го наредил Огнот (како казна) и му го забранил Џенетот.‘ Еден човек прашал: ,О Аллахов пратенику, дури и ако е нешто безначајно?‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговорил: ,Дури и ако е гранче од дрвото арак.‘“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 137]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, строго предупредил од лажно колнење во име на Аллах со цел да се присвои туѓо право. Последицата за тоа е заслужување на џехенемската казна и забрана за влез во Џенетот – што го прави ова дело да биде едно од големите гревови. Потоа некој човек го прашал Пратеникот дали ова важи и за нешто безначајно? Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека важи дури и ако се работи за парче мисвак – гранче од дрвото арак.

من فوائد الحديث

  1. Треба да се внимава да не се присвојува неправедно туѓото право и да се вратат правата на нивните сопственици, без разлика колку и да се мали. Пресудата на судијата, ако е донесена врз основа на погрешен увид, не го прави дозволено она што не му припаѓа на човекот.
  2. Ен-Невеви рекол: „Забраната за присвојување на индивидуалните права на муслиманите е строго нагласена, и нема разлика дали правото е големо или мало, бидејќи Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: ,Дури и ако се работи за гранче од дрвото арак.‘“
  3. Ен-Невеви рекол: „Оваа казна се однесува на оној кој неправедно го присвоил правото на муслиманот и умрел без да се покае. А оној што ќе се покае, жали за тоа што го направил, ќе му го врати правото на сопственикот, ќе побара прошка од него и цврсто одлучи дека нема да се врати на тоа – нему му е простен гревот.“
  4. Ел-Кади рекол: „Спомнувањето на муслиманот е затоа што токму на него се однесуваат шеријатските наредби и најчесто тој е обврзан со шеријатските прописи – а не затоа што немуслиманот е исклучен од ова. Напротив, прописот важи и за него.“
  5. Ен-Невеви рекол: „Лагата е известување со нешто што е спротивно на стварноста – било намерно или по грешка, и без разлика дали станува збор за минато или идно време.“
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Свахили التايلندية الأسامية السويدية الهولندية الغوجاراتية الرومانية المجرية الموري الجورجية
Преглед на преводи
Повеќе...