+ -

عَنْ عَائِشَةَ أُمِّ المُؤْمنين رَضيَ اللهُ عنها قَالَتْ: سَمِعْتُ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَقُولُ:
«يُحْشَرُ النَّاسُ يَوْمَ الْقِيَامَةِ حُفَاةً عُرَاةً غُرْلًا» قُلْتُ: يَا رَسُولَ اللهِ النِّسَاءُ وَالرِّجَالُ جَمِيعًا يَنْظُرُ بَعْضُهُمْ إِلَى بَعْضٍ؟ قَالَ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ: «يَا عَائِشَةُ، الْأَمْرُ أَشَدُّ مِنْ أَنْ يَنْظُرَ بَعْضُهُمْ إِلَى بَعْضٍ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 2859]
المزيــد ...

Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува: „Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
,Луѓето на Судниот ден ќе бидат собрани боси, голи и необрежани.‘ Јас прашав: ,О, Божји пратенику, и мажите и жените заедно – ќе гледаат ли едни во други?‘ Тој, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,О, Аиша, тогаш состојбата ќе биде толку страшна што луѓето нема ни да помислат да гледаат едни во други.‘“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 2859]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, опишал дел од настаните на Судниот ден – кога луѓето ќе бидат собрани по нивното оживување од гробовите за пресметка. Тие ќе бидат боси, без обувки, голи – без облека и покривка – и необрежани, како што мајките ги родиле.
Кога мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, го слушнала тоа, зачудено прашала: „О, Божји пратенику, и мажите и жените заедно – ќе гледаат ли едни во други?“ Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ѝ објаснил дека ужасите и стравотиите на тој ден ќе бидат толку големи, што ќе им го одвлечат вниманието и погледите од тоа да гледаат во нечии срамни места.

من فوائد الحديث

  1. Хадисот дава појаснување за ужасите на Судниот ден и на тоа дека на тој Ден ништо нема да го преокупира човекот од пресметката и од соочување со сопствените дела.
  2. Потврда дека човекот може да направи грев само кога е во состојба на небрежност. Кога би се сетил на големината на Оној Кого му бил непослушен и на Неговата казна, не би престанал да Го спомнува, да Му биде благодарен и да Го обожува ниту за миг. Затоа, на денот на собирањето сите ќе бидат зафатени со самите себе и никој нема да гледа во другиот.
  3. Силната срамежливост кај жените во времето на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Доказ за тоа е што Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, со срамежливост прашала кога чула дека луѓето ќе бидат собрани голи – и мажи и жени.
  4. Ес-Синди рекол: „Секој ќе биде зафатен со сопствената состојба и нема да знае ништо за состојбата на својот брат. Возвишениот Аллах вели: „Тој Ден секој човек само за себеси ќе се грижи.“ (Абесе, 37) Поради тоа, никој нема да обрне внимание на интимниот дел на другиот.
  5. Обрежувањето кај мажите подразбира отсекување на кожичката што ја покрива главата на половиот орган; додека кај жените – отсекување на малото парче кожа над местото на односот, која личи на петлов гребен.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Свахили التايلندية الأسامية الأمهرية الهولندية الدرية الرومانية المجرية الجورجية الخميرية الماراثية
Преглед на преводи
Повеќе...