+ -

عَنْ عِمْرَانَ بْنِ حُصَيْنٍ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُمَا قَالَ: قَالَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«خَيْرُكُمْ قَرْنِي، ثُمَّ الَّذِينَ يَلُونَهُمْ، ثُمَّ الَّذِينَ يَلُونَهُمْ» قَالَ عِمْرَانُ: لاَ أَدْرِي أَذَكَرَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ بَعْدُ قَرْنَيْنِ أَوْ ثَلاَثَةً، قَالَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ: «إِنَّ بَعْدَكُمْ قَوْمًا يَخُونُونَ وَلاَ يُؤْتَمَنُونَ، وَيَشْهَدُونَ وَلاَ يُسْتَشْهَدُونَ، وَيَنْذِرُونَ وَلاَ يَفُونَ، وَيَظْهَرُ فِيهِمُ السِّمَنُ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 2651]
المزيــد ...

Имран бин Хусејн, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Најдобра е мојата генерација, потоа оние што ќе дојдат по нив, а потоа оние по нив.“ Имран рекол: „Не знам дали спомна две или три генерации.“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, додал: „По вас ќе дојдат луѓе кои ќе изневеруваат и нема да бидат достојни за доверба; ќе сведочат, а нема да бидат повикани за сведоци; ќе даваат завети, но нема да ги исполнуваат – и кај нив ќе се рашири дебелината.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 2651]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека најдобрата генерација од луѓето што живееле во исто време е неговата генерација – генерацијата на асхабите. Потоа доаѓаат верниците што ги доживеале асхабите, но не го доживеале Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, а потоа генерацијата на таби табиините. А асхабот кој го пренесува хадисот се двоумел дали Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, спомнал и четврта генерација по нив. Потоа рекол: „По нив ќе дојдат луѓе кои ќе изневеруваат и нема да заслужуваат доверба; ќе сведочат, а нема да бидат повикани да сведочат; ќе даваат завети, но нема да ги исполнуваат – и ќе живеат во изобилство од јадење и пиење, сè додека кај нив не се рашири дебелината.“

من فوائد الحديث

  1. Најдобриот век и најдобрата генерација во историјата на човештвото се генерацијата во која живеел Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и неговите асхаби. Во Сахих Ел-Бухари е забележано дека тој, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Бев испратен во најдобрите генерации од синовите на Адем – генерација по генерација – сè додека не се најдов во генерацијата во која бев.“
  2. Ибн Хаџер вели: „Овој хадис укажува дека асхабите се подобри од табиините, а табиините од таби табиините. Но, дали оваа предност се однесува на целите генерации или на поединци – тоа е предмет на расправа. Поголемиот дел од учените се наклонети кон второто мислење.“
  3. Ова е поттик да се следи патот на првите три генерации – бидејќи колку што некој е поблиску до времето на објавата, толку е подобар, поучен и подостоен за следење на упатството (патот) на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.
  4. Завет (незр): Тоа е кога шеријатскиот обврзник сам себеси се задолжува со извршување на определено добро дело кое шеријатот не го направил задолжително – преку секој израз што укажува на тоа.
  5. Прекор за изневерување, неисполнување на завет и прекумерна врзаност за дуњалукот (овој свет).
  6. Осуда за сведочење без да се биде повикан – ако сопственикот на правото е свесен за тоа. А ако не е свесен, тогаш тоа спаѓа во значењето на зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем:
  7. „Сакате ли да ви кажам кој е најдобриот сведок? – Тој што сведочи пред да биде побаран.“ (Муслим)
Превод: Англиски Индонезиски Бенгалски Турски Руски Синхала Виетнамски Курдски Хауса Португалски Телгу Свахили التايلندية الأسامية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية الدرية الرومانية المجرية المالاجاشية الجورجية الماراثية
Преглед на преводи
Повеќе...