+ -

عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ، قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«إِنَّ أَوَّلَ زُمْرَةٍ يَدْخُلُونَ الجَنَّةَ عَلَى صُورَةِ القَمَرِ لَيْلَةَ البَدْرِ، ثُمَّ الَّذِينَ يَلُونَهُمْ عَلَى أَشَدِّ كَوْكَبٍ دُرِّيٍّ فِي السَّمَاءِ إِضَاءَةً، لاَ يَبُولُونَ وَلاَ يَتَغَوَّطُونَ، وَلاَ يَتْفِلُونَ وَلاَ يَمْتَخِطُونَ، أَمْشَاطُهُمُ الذَّهَبُ، وَرَشْحُهُمُ المِسْكُ، وَمَجَامِرُهُمْ الأَلُوَّةُ الأَنْجُوجُ، عُودُ الطِّيبِ وَأَزْوَاجُهُمُ الحُورُ العِينُ، عَلَى خَلْقِ رَجُلٍ وَاحِدٍ، عَلَى صُورَةِ أَبِيهِمْ آدَمَ، سِتُّونَ ذِرَاعًا فِي السَّمَاءِ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 3327]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Првата група што ќе влезе во Џенетот ќе бидат со лица светли како полна месечина. А оние што ќе дојдат по нив – ќе светат како најсјајната ѕвезда на небото. Тие нема да вршат ниту мала ниту голема нужда, нема да плукаат, ниту пак ќе имаат секреции од нос за да ги исфрлат. Чешлите ќе им бидат од злато, потта ќе им мириса на миск, а кадилниците ќе користат за нив најфино ало-дрво (анџуџ). Сопруги ќе им бидат хурии со крупни и убави очи. Сите ќе бидат со ист облик – според големината на нивниот татко Адем, високи шеесет лакти.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 3327]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека првата група верници што ќе влезе во Џенетот ќе има лица светли како полната месечина. А оние што ќе дојдат по нив – ќе сјаат како најсјајната ѕвезда на небото. Ќе бидат опишани со најсовршени особини: нема да вршат ни мала ни голема нужда, нема да плукаат, ниту ќе го бришат носот. Чешлите ќе им бидат од злато, потта ќе им мириса на миск, а од нивните кадилници ќе се шири најпрефинет и најубав мирисен чад. Сопруги ќе им бидат хурии со големи и прекрасни очи. Сите ќе бидат со ист облик и изглед – налик на нивниот татко Адем, високи шеесет лакти.

من فوائد الحديث

  1. Опис на состојбата на жителите на Џенетот, и тоа дека ќе се разликуваат по степен според нивните дела и заслуги.
  2. Употребата на сличности служи за доближување и појаснување на значењата.
  3. Ел-Куртуби рекол: „Може да се постави прашањето – зошто им се потребни чешли кога ќе бидат без влакна и нивната коса нема да се валка? Зошто им се потребни кадилници, кога нивниот телесен мирис ќе биде попрефинет од мирисот на миск? Одговорот е: Џенетските наслади – како храна, пијалаци, облека и мириси – не се резултат на потреба, глад, жед, голотија или непријатен мирис, туку се чисти уживања, кои доаѓаат едно по друго, како непрекината благодат. Мудроста во тоа е што ќе уживаат во она што им било познато и драго и на овој свет.“
Превод: Англиски Индонезиски Бенгалски Турски Руски Синхала Виетнамски Курдски Хауса Португалски Телгу Свахили التايلندية الأسامية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية الدرية الرومانية المجرية المالاجاشية الجورجية الماراثية
Преглед на преводи
Повеќе...