عَنْ ابْنِ عَبَّاسٍ رَضِيَ اللهُ عَنْهُمَا أَنَّ النَّبِيَّ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«نَحْنُ آخِرُ الأُمَمِ، وَأَوَّلُ مَنْ يُحَاسَبُ، يُقَالُ: أَيْنَ الأُمَّةُ الأُمِّيَّةُ وَنَبِيُّهَا؟ فَنَحْنُ الآخِرُونَ الأَوَّلُونَ».
[صحيح] - [رواه ابن ماجه] - [سنن ابن ماجه: 4290]
المزيــد ...
Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и неговиот татко, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Ние сме последниот умет, но првите што ќе бидат повикани на пресметка. Ќе се рече: ,Каде е неписмениот умет и неговиот пратеник?’ Така, ние сме последни по време, а први на Судниот ден.“
-
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека неговиот умет е последниот меѓу народите по постоење и по време, но првите што ќе бидат повикани на пресметка на Судниот ден. Тогаш ќе се рече: „Каде е неписмениот умет и неговиот Пратеник?“ – а тоа се припишува на неговата неписменост, салаллаху алејхи ве селем, во однос на непознавање на читањето и пишувањето. Значи, ние сме последни по време и постоење, но први во пресметката на Судниот ден и први што ќе влезат во Џенетот.