عَنْ أَنَسٍ رضي الله عنه:
أَنَّ نَفَرًا مِنْ أَصْحَابِ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ سَأَلُوا أَزْوَاجَ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ عَنْ عَمَلِهِ فِي السِّرِّ؟ فَقَالَ بَعْضُهُمْ: لَا أَتَزَوَّجُ النِّسَاءَ، وَقَالَ بَعْضُهُمْ: لَا آكُلُ اللَّحْمَ، وَقَالَ بَعْضُهُمْ: لَا أَنَامُ عَلَى فِرَاشٍ، فَحَمِدَ اللهَ وَأَثْنَى عَلَيْهِ، فَقَالَ: «مَا بَالُ أَقْوَامٍ قَالُوا كَذَا وَكَذَا؟ لَكِنِّي أُصَلِّي وَأَنَامُ، وَأَصُومُ وَأُفْطِرُ، وَأَتَزَوَّجُ النِّسَاءَ، فَمَنْ رَغِبَ عَنْ سُنَّتِي فَلَيْسَ مِنِّي».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 1401]
المزيــد ...

„Енес, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека
неколкумина од другарите на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, ги прашале неговите сопруги за неговите дела кога е сам. Откако дознале, некои од нив рекле: ,Јас нема да се женам.‘ Друг рекол: ,Јас нема да јадам месо.‘ А трет рекол: ,Јас нема да спијам во постела.‘ Кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го слушнал тоа, Го пофалил Алах и Му се заблагодарил Нему, па рекол: ,Што им е на тие луѓе што велат вака и вака? А јас клањам и спијам, постам и не постам, и се женам. Кој го остава мојот Сунет – не ми припаѓа мене.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 1401]

Објаснување

Неколкумина од асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, дошле кај сопругите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и ги прашале за неговите ибадети што ги извршувал тајно, во својот дом. Кога слушнале какви биле тие дела, им се сториле недоволни, па рекле: „Како да се споредуваме ние со Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем? Нему му се простени и претходните и идните гревови, а ние не знаеме дали ќе ни биде простено. Затоа треба уште повеќе да се трудиме во ибадетот, за можеби да ја заслужиме Аллаховата прошка.“ Еден од нив рекол: „Јас нема да се женам.“ Друг рекол: „Јас нема да јадам месо.“ А трет рекол: „Јас нема да спијам на постела.“ Кога оваа вест стигнала до Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, се налутил, се искачил на минберот и им се обратил на луѓето. Го пофалил Аллах, Му се заблагодарил, а потоа рекол: „Што им е на некои луѓе кои велат вака и вака?! – Се колнам во Аллах, јас сум најбогобојазливиот меѓу вас и најмногу се плашам од Аллах, но сепак спијам и се одморам, станувам за ноќен намаз, постам и прекинувам со постот, и се женам. А оној го напушта мојот Сунет, земајќи и сметајќи дека е посовршен некој друг пат – тој не е од мене.“

من فوائد الحديث

  1. Љубовта на асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, кон доброто и нивната желба да го постигнат тоа, како и нивниот стремеж да го следат примерот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.
  2. Леснотијата и милоста на шеријатот, што јасно се манифестираат во делата и упатството на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
  3. Добрината и бериќетот се во следењето на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и во придржувањето кон неговата чесна пракса.
  4. Предупредувањето да не се преоптоваруваме себеси и да не претеруваме во ибадетите со она што човекот не може да го издржи – бидејќи таквата пракса се смета за едно од обележјата на новотарите.
  5. Ибн Хаџер рекол: „Претераната строгост во ибадетот води до здосадување, што може да резултира со напуштање на самата обврска. А ограничувањето само на фарзовите и запоставувањето на нафилите доведува до мрзеливост и слаб интерес за ибадет. Најдоброто е средниот пат – умереноста.“
  6. Од хадисот се разбира дека е дозволено да се прашува за состојбите на големите луѓе со цел да се следи нивниот пример – и ако тоа не може да се дознае преку мажите, дозволено е да се прашаат сопругите.
  7. Хадисот исто така укажува на важноста на советување, поставување прашања поврзани со науката и појаснување на верските прописи за шеријатските обврзници – како и отстранување на нејаснотиите кај оние кои се трудат во верата.
  8. Наредба за умереност во ибадетот, со истрајно извршување и на фарзовите и на нафилите (доброволните дела) – при што муслиманот треба да ги има предвид и правата на другите што го опкружуваат.
  9. Хадисот исто така укажува на доблеста на бракот и поттикнува на стапување во брачна заедница.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (42)
Повеќе...