+ -

عَن ابنِ عباسٍ رضي الله عنهما أنَّ رسولَ اللهِ صلي الله عليه وسلم قال:
«لَو يُعطَى النّاسُ بدَعواهُم لادَّعَى رِجالٌ أموالَ قَومٍ ودِماءَهُم، ولَكِنَّ البَيِّنَةَ على المُدَّعِى، واليَمينَ على مَن أنكَرَ».

[صحيح] - [رواه البيهقي] - [السنن الكبرى للبيهقي: 21243]
المزيــد ...

Ибн Аббас, Аллах нека е задоволен со него и неговиот татко, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Доколку на луѓето им се даваше според нивните побарувања, некои бесправно би го барале имотот и животот на другите. Затоа, должност на оној што обвинува е да донесе доказ, а оној што негира, да се заколне.“

[صحيح] - - [السنن الكبرى للبيهقي - 21243]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека ако на луѓето им се признавало правото само врз основа на нивните тврдења, без никакви докази, некои од нив бесправно би барале да присвојат туѓ имот и да посегнат по животот на другите. Затоа, оној што тврди дека нешто е негово право мора да приложи доказ. Ако нема доказ, случајот се изнесува пред оној што е обвинет, па ако тој го негира, должен е да се заколне, со што се ослободува од обвинувањето.

من فوائد الحديث

  1. Ибн Декик ел-Ид рекол: „Овој хадис претставува темелно правило во судските постапки и е едно од најважните начела при решавање на споровите и конфликтите.“
  2. Целта на шеријатот е да ги заштити имотот и животот на луѓето од злоупотреби.
  3. Судијата не пресудува според сопственото знаење, туку врз основа на приложените докази.
  4. Секое тврдење без доказ се отфрла, без разлика дали се однесува на правата, меѓучовечките односи или прашањата поврзани со верата и знаењето.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التايلندية بشتو الأسامية السويدية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية الصربية الرومانية المجرية الموري المالاجاشية الكانادا الجورجية
Преглед на преводи
Повеќе...