+ -

عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضيَ اللهُ عنه قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«الدُّنْيَا سِجْنُ الْمُؤْمِنِ وَجَنَّةُ الْكَافِرِ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2956]
المزيــد ...

Ебу Хурejре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Дуњалукот е затвор за верникот, а Џенет за неверникот.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2956]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека животот на овој свет за верникот е како затвор, бидејќи е должен да ги исполнува шеријатските обврски – да ги извршува наредбите и да се воздржува од забраните. Со смртта, тој се ослободува од тие ограничувања и преминува кон вечнато насладуваше што Аллах му ја подготвил.
Додека за неверникот, овој свет е како Џенет – живее без ограничувања, според своите желби и страсти. Но, кога ќе настапи смртта, преминува кон трајната казна што Аллах му ја подготвил на Судниот ден.

من فوائد الحديث

  1. Ен-Невеви рекол: „Секој верник на овој свет е како во затвор – оддалечен од забранетите и непожелните страсти, задолжен со извршување на напорни ибадети. Кога ќе умре, се ослободува од сето тоа и преминува кон вечното уживање што Аллах му ја подготвил, кон совршен одмор без никакви маки. Додека неверникот ужива само во малку од тоа што го добива на дуњалукот, а и тоа е испреплетено со непријатности. Кога ќе умре, преминува кон вечната казна и трајната несреќа.“
  2. Ес-Синди рекол: „Зборовите ,затвор за верникот‘ значат дека, иако тој има благодати на овој свет, Џенетот е многу подобар од него. А ,Џенет за неверникот‘ значи дека, иако можеби неговиот живот е тежок, Огнот е многу пострашен од тоа.“
  3. Дуњалукот е безвреден кај Аллах.
  4. Овој свет е место на искушенија и испит за верниците.
  5. Неверникот го добил својот „Џенет“ на овој свет, а на Ахиретот ќе биде лишен од вистинскиот Џенет и неговите вечни наслади.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Свахили التاميلية التايلندية الأسامية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية الدرية الصربية الرومانية المجرية الجورجية الخميرية الماراثية
Преглед на преводи