+ -

عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«قَالَ اللَّهُ عَزَّ وَجَلَّ: يُؤْذِينِي ابْنُ آدَمَ يَسُبُّ الدَّهْرَ وَأَنَا الدَّهْرُ، بِيَدِي الأَمْرُ أُقَلِّبُ اللَّيْلَ وَالنَّهَارَ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 4826]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Возвишениот Аллах вели: ,Ме навредува синот на Адем кога го пцуе времето – а Јас сум Времето: во Мојата рака е управувањето со сите работи; Јас ги сменувам ноќта и денот.‘“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 4826]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека Возвишениот Аллах, во хадис кудси, рекол: „Ме навредува човекот кога го пцуе времето во моменти на несреќи и тешкотии – зашто Јас сум Оној што управува со сè што се случува. Времето е Мое создание, потчинето на Мојата волја, и сè што се случува во него е според Моја одредба. Затоа, навредата на времето, всушност, е навреда кон Мене.“

من فوائد الحديث

  1. Овој хадис, во кој Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесува говор од Аллах, се нарекува хадис кудси или хадис илахи (божествен хадис). Тоа е хадис чиишто изрази и значења се од Семоќниот Аллах, но ги нема оние карактеристики на Куранот со кои тој се одликува, како што се: неговото цитирање претставува чин на обожување, обврската да бидеме чисти кога го допираме, Куранот е предизвик за сите луѓе и некои други специфичности.
  2. Поттик за почит и соодветно однесување кон Аллах – како во говорот, така и во верувањето.
  3. Обврска да се верува во Божјата одредба и да се покажува трпение при неволји.
  4. Навредата не е исто што и вистинска штета – човек може да се почувствува вознемирен од слушање или гледање на нешто одвратно, но притоа не трпи реална штета. Исто така, може да му пречи непријатна миризба – како што е миризбата на кромид или лук – но тоа не значи дека му е нанесена вистинска штета.
  5. Возвишениот Аллах може да биде навреден од некои лоши постапки на Своите робови, но тие не Му нанесуваат никаква штета. Во хадис кудси Тој вели: „О, робови Мои, вие не сте во состојба да Ми нанесете штета, па да Ме повредите, ниту сте во состојба да Ми користите, па да Ми принесете некаква корист.“
  6. Пцуењето и опишувањето на времето се дели на три категории:
  7. 1. Пцуење со уверување дека времето е самостоен дејствувач, кој предизвикува добро или зло, менува состојби и управува со настаните. Ова е голем ширк, бидејќи се припишува создавање и уредување на светот на некој друг освен Аллах.
  8. 2. Пцуење без верување дека времето дејствува, туку со убедување дека Аллах управува со сè – но сепак, човекот го изразува своето незадоволство поради тоа што нешто непријатно се случило во одредено време. Ова е харам, бидејќи во себе содржи приговор кон Аллаховата одредба.
  9. 3. Кога човекот само ја опишува состојбата, без пцуење или осуда, како што рекол Лут, алејхи селам:
  10. „Па рече: ,Ова е мачен ден!‘“ (Худ, 77)
  11. Ова е дозволено, бидејќи се работи за обично констатирање.
Превод: Англиски Индонезиски Бенгалски Турски Руски Синхала Виетнамски Курдски Хауса Португалски Телгу Свахили التايلندية الأسامية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية الدرية الرومانية المجرية المالاجاشية الجورجية الماراثية
Преглед на преводи
Повеќе...