عن أنس رضي الله عنه أن النبي صلى الله عليه وسلم قال:
«جَاهِدُوا المشركين بأموالكم وأنفسكم وألسنتكم».

[صحيح] - [رواه أبو داود والنسائي وأحمد] - [سنن أبي داود: 2504]
المزيــد ...

Енес, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Борете се против многубошците со вашите имоти, животи и јазици.“

[صحيح] - [رواه أبو داود والنسائي وأحمد] - [سنن أبي داود - 2504]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, наредил џихад против неверниците и вложување напор во соочување со нив со сите можни средства, според можностите, за да биде Аллаховиот збор возвишен. Ова вклучува:
Прво: Трошење на имотот за џихад против нив – како набавка на оружје, финансиска поддршка за борците и слични потреби.
Друго: Личното учество во борбата со душата и телото, преку излегување на бојното поле и соочување со непријателот.
Трето: Повик кон исламот со збор преку јасно објаснување на вистината, воспоставување доказ против нив и одговор на нивните заблуди.

من فوائد الحديث

  1. Поттик за џихад против мушриците со телото, имотот и зборот – секој според своите можности, бидејќи џихадот не е ограничен само на физичка борба.
  2. Наредбата за џихад е обврзувачка и може да биде индивидуална или колективна должност.
  3. Аллах го пропишал џихадот со повеќе цели, меѓу кои:
  4. Прво: Спротивставување на ширкот и мушриците, бидејќи Аллах никогаш не го прифаќа ширкот.
  5. Второ: Отстранување на пречките што го попречуваат повикот кон Аллах.
  6. Трето: Заштита на верата од сè што ѝ се доведува во опасност.
  7. Четврто: Одбрана на муслиманите, нивните земји, чест и имот.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Индонезиски Повеќе... (44)
Повеќе...