عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه قَالَ: كَانَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَقُولُ:
«اللهُمَّ أَصْلِحْ لِي دِينِي الَّذِي هُوَ عِصْمَةُ أَمْرِي، وَأَصْلِحْ لِي دُنْيَايَ الَّتِي فِيهَا مَعَاشِي، وَأَصْلِحْ لِي آخِرَتِي الَّتِي فِيهَا مَعَادِي، وَاجْعَلِ الْحَيَاةَ زِيَادَةً لِي فِي كُلِّ خَيْرٍ، وَاجْعَلِ الْمَوْتَ رَاحَةً لِي مِنْ كُلِّ شَرٍّ».
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2720]
المزيــد ...
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, велел:
„Аллаху мој, поправи ја мојата вера која е моја сигурност, дај ми добро на овој свет затоа што тука живеам, уреди го мојот ахирет (оној свет) каде ќе бидам оживеан, направи мојот живот да биде зголемување на секое добро, а смртта спас од сѐ што е лошо.“
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2720]
Пратеникот салаллаху алејхи ве селем, се молел со дова во која ги споил основите на благородниот морал заради којшто бил испратен, а тоа е добрината на верата, на овој свет и на ахиретот. Тој во овие кратки изрази ги потцртал овие три сеопфатни принципи, започнал со исправноста на верувањето со кое доаѓа убав живот на двете живеалишта, па рекол:
„Аллаху мој, поправи ја мојата вера“, со упатување да постапувам според нејзините правила на најпотполн начин.
„Која е моја сигурност“, која е чувар на сите мои работи. Ако мојата вера е неисправна, и моите работи ќе бидат неисправни, а јас ќе пропаднам и ќе изгубам. И бидејќи посакуваното подобрување на верата не може да се постигне освен со подобрување на овој свет, тој рече:
„Дај ми добро на овој свет“, со тоа што ќе ми дадеш физичко здравје, сигурност, ризк, чесна жена, добро потомство и сè што ми треба, и тоа да биде халал и да ми помага во послушноста кон Тебе. Потоа ја спомна причината зошто тоа да се подобри; велејќи:
„Затоа што тука живеам“ тука е местото каде опстојувам за времетраењето на мојот живот.
„Уреди го мојот ахирет (оној свет) каде ќе бидам оживеан“, моето враќање и средбата со Тебе со добрите дела и Аллаховото упатство за Аллаховиот роб да прави богоугодни дела, да биде искрен и да заврши со убав крај на овој свет.
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го спомна оној свет после овој свет. Така направил затоа што првото е средство за поправање на второто, па кој е исправен на својот световен живот во согласност со Аллаховата волја, неговиот задгробен живот ќе биде исправен за него и тој ќе биде среќен на оној свет.
„Мојот живот“ и должината на моето живеење „нека биде зголемување на секое добро“, да ги зголемам добрите дела „а смртта нека биде“ и нејзиното брзо доаѓање „спас од сѐ што е лошо“, од искушение, неволја, гревови, немарност, и избавување од маките и тагите на овој свет и постигнување на спокојство.