+ -

عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه أَنَّ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ يَوْمَ خَيْبَرَ:
«لَأُعْطِيَنَّ هَذِهِ الرَّايَةَ رَجُلًا يُحِبُّ اللهَ وَرَسُولَهُ، يَفْتَحُ اللهُ عَلَى يَدَيْهِ» قَالَ عُمَرُ بْنُ الْخَطَّابِ: مَا أَحْبَبْتُ الْإِمَارَةَ إِلَّا يَوْمَئِذٍ، قَالَ فَتَسَاوَرْتُ لَهَا رَجَاءَ أَنْ أُدْعَى لَهَا، قَالَ فَدَعَا رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ عَلِيَّ بْنَ أَبِي طَالِبٍ، فَأَعْطَاهُ إِيَّاهَا، وَقَالَ: «امْشِ، وَلَا تَلْتَفِتْ، حَتَّى يَفْتَحَ اللهُ عَلَيْكَ» قَالَ فَسَارَ عَلِيٌّ شَيْئًا ثُمَّ وَقَفَ وَلَمْ يَلْتَفِتْ، فَصَرَخَ: يَا رَسُولَ اللهِ، عَلَى مَاذَا أُقَاتِلُ النَّاسَ؟ قَالَ: «قَاتِلْهُمْ حَتَّى يَشْهَدُوا أَنْ لَا إِلَهَ إِلَّا اللهُ وَأَنَّ مُحَمَّدًا رَسُولُ اللهِ، فَإِذَا فَعَلُوا ذَلِكَ فَقَدْ مَنَعُوا مِنْكَ دِمَاءَهُمْ وَأَمْوَالَهُمْ، إِلَّا بِحَقِّهَا وَحِسَابُهُمْ عَلَى اللهِ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2405]
المزيــد ...

Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува, дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, на денот кога се случила битката на Хајбер рекол:
„,Ќе му го дадам ова знаме на човек кој ги сака Аллах и Неговиот Пратеник, и Аллах ќе му даде победа од неговите раце.‘ Омер бин Хатаб рече: ,Само на тој ден посакував да бидам предводник, се истакнав надевајќи дека ќе бидам повикан.‘ Потоа додаде: ,Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, го повика Али бин ебу Талиб, му го даде знамето и рече: Оди и немој да се свртуваш сè додека Аллах не ви даде победа‘. Кажа: Али отиде малку, а потоа застана без да се сврти, и извика: ,О, Аллахов Пратенику, за што да се борам со луѓето?‘ Тој одговори: ,Бори се со нив додека не сведочат дека нема друг бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов Пратеник. Ако го направат тоа, ќе им се поштеди нивниот живот и нивното богатство ќе биде сигурно, освен кога правото бара поинаку, а нивната пресметка е кај Аллах.‘”

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2405]

Објаснување

Пратеникот, алејхи селам, ги информирал асхабите за победата на муслиманите над eвреите од Хајбeр – град во близина на Медина, која ќе се случи следниот ден. Оваа победа ќе биде преку човек кому ќе биде дадено знамето, а тоа е знамето што војската го користи како свој симбол. Една од карактеристиките на овој човек е таа дека тој го сака Аллах и Неговиот Пратеник, а Аллах и Неговиот Пратеник го сакаат него.
Омер бин Хатаб, радијаллаху анху, спомна дека не го сакал лидерство и не посакувал да биде предводник, освен тој ден; Надевајќи се дека ќе се исполни она што Пратеникот, алејхи селам, го спомнал за љубовта кон Аллах и Неговиот пратеник, Омер, радијаллаху анху, го издолжи своето тело за да го види Пратеникот, алејхи селам, надевајќи се дека ќе биде повикан, посакувајќи да го земе тоа знаме.
Пратеникот, алејхи селам, го повикал Али ибн ебу Талиб, радијаллаху анху, и му го дал знамето, и му наредил да се движи со војската и да не отстапи од борбата по средбата со непријателот, да не се одмара, застане ниту да прифати примирје додека Аллах не им даде победа и триумф.
Али, радијаллаху анху, тргнал, па застанал, но не се свртел, за да не биде непослушен кон заповедта на Пратеникот, алејхи селам. Али, радијаллаху анху, повика: „,О Божји Пратеник, за што да се борам со луѓето?‘
Пратеникот, алејхи селам, рече: ,Бори се со нив додека не посведочат дека нема бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов Пратеник. Ако се одѕвијат и влезат во исламот, нивната крв и имотот ви се забранети, освен заради правдата, што значи освен ако не направат кривично дело или убиство заради кое заслужуваат да бидат убиени според верозаконот, а нивната пресметка е кај Аллах.‘“

من فوائد الحديث

  1. Асхабите не сакаа да бидат на водечки позиции поради големата одговорност ја носат.
  2. Дозволено е да се посакува и да се предвиди нешто што сигурно ќе биде добро.
  3. Водачот дава инструкции до командантот на војската како да се однесува на бојното поле.
  4. Посветеноста на другарите на Пратеникот, алејхи селам, кон неговите совети и иницијатива во нивното спроведување.
  5. Кој ќе наиде на проблем во некоја работа која треба да ја изврши, ќе праша за истата.
  6. Меѓу знаците на неговото, алејхи селам, веровесништво е и неговото известување за победа над евреите, како што кажа и за освојувањето на градот Хајбер, и се случи како што кажал.
  7. Поттик да преземеме иницијатива и да побрзаме во извршувањето на она што го заповедал Аллаховиот Пратеник, алејхи селам.
  8. Не е дозволено да се убие тој што ги изговорил двете сведоштва (шехадетот), освен ако не направи нешто што се казнува со смртна казна.
  9. Прописите на исламот се базираат на она што е очигледно кај луѓето, а пред Аллах ќе одговараат за своите тајни.
  10. Најголемата цел на џихадот е влезот на луѓето во исламот.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التايلندية الألمانية بشتو الأسامية السويدية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية الرومانية المجرية الموري الأورومو الجورجية
Преглед на преводи
Повеќе...