+ -

عَنْ عِمْرَانَ بْنِ حُصَيْنٍ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ قَالَ:
جَاءَ رَجُلٌ إِلَى النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ فَقَالَ: السَّلَامُ عَلَيْكُمْ، فَرَدَّ عَلَيْهِ ثُمَّ جَلَسَ، فَقَالَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ: «عَشْرٌ» ثُمَّ جَاءَ آخَرُ فَقَالَ: السَّلَامُ عَلَيْكُمْ وَرَحْمَةُ اللَّهِ، فَرَدَّ عَلَيْهِ فَجَلَسَ، فَقَالَ: «عِشْرُونَ» ثُمَّ جَاءَ آخَرُ فَقَالَ: السَّلَامُ عَلَيْكُمْ وَرَحْمَةُ اللَّهِ وَبَرَكَاتُهُ، فَرَدَّ عَلَيْهِ فَجَلَسَ، فَقَالَ: «ثَلَاثُونَ».

[حسن] - [رواه أبو داود والترمذي وأحمد والدارمي] - [سنن أبي داود: 5195]
المزيــد ...

Имран бин Хусејн, Аллах нека е задоволен со него, пренесува:
Еден човек дојде кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „Ес-Селаму алејкум.“ Тој му одговори на селамот, човекот седна, па Пратеникот рече: „Десет (награди).“ Потоа дојде друг човек и рече: „Ес-Селаму алејкум ве рахметуллах.“ Пратеникот му возврати на селамот, и тој седна, па Пратеникот рече: „Дваесет (награди).“ Потоа дојде трет човек и рече: „Ес-Селаму алејкум ве рахметуллах ве берекатуху.“ Пратеникот му возврати на селамот, па и тој седна. Пратеникот рече: „Триесет (награди).“

[حسن] - - [سنن أبي داود - 5195]

Објаснување

Еден човек дојде кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „Ес-Селаму алејкум.“ – Тој му возврати на селамот, човекот седна, а Пратеникот рече: „Му се запишаа десет добри дела.“
Потоа дојде друг и рече: „Ес-Селаму алејкум ве рахметуллах.“ – Тој му возврати на селамот, човекот седна, а Пратеникот рече: „Му се запишаа дваесет добри дела.“
Потоа дојде трет и рече: „Ес-Селаму алејкум ве рахметуллах ве берекатуху.“ – Тој му возврати на селамот, човекот седна, а Пратеникот рече: „Му се запишаа триесет добри дела.“
Ова значи дека за секој збор од селамот има по десет добри дела.

من فوائد الحديث

  1. Оној што доаѓа треба прв да ги поздрави со селам оние што веќе седат.
  2. Колку повеќе зборови содржи селамот, толку е поголема наградата.
  3. Најсовршената форма на селамот е: „Ес-Селаму алејкум ве рахметуллахи ве берекатуху“, а најдобриот одговор е: ,,Ве алејкум селам ве рахметуллахи ве берекатуху“.
  4. Степените на селамот и неговото возвраќање се разликуваат, па соодветно на тоа се разликува и наградата.
  5. Луѓето треба да се подучуваат на доброто и да се поттикнуваат да го постигнат она што е највредно.
  6. Ибн Хаџер рекол: „Ако оној што започнува со селамот додаде ве рахметуллах, препорачливо е во одговорот да се додаде ве берекатуху. Ако, пак, додаде и ве берекатуху, се поставува прашањето – дали е дозволено во одговорот да се додаде нешто повеќе од тоа? Исто така, ако оној што го започнува селамот го надмине со зборови изразот ве берекатуху, дали е дозволено тоа? Имамот Малик пренесува во „Мувета“ од Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, дека селамот завршува со зборот берекатуху.“
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Телгу Свахили التايلندية الأسامية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية الدرية الرومانية المجرية المالاجاشية الجورجية الماراثية
Преглед на преводи
Повеќе...