عَن هَانِئ مَوْلَى عُثْمَانَ رَضيَ اللهُ عنهُ قَالَ: كَانَ عُثْمَانُ إِذَا وَقَفَ عَلَى قَبْرٍ بَكَى حَتَّى يَبُلَّ لِحْيَتَهُ، فَقِيلَ لَهُ: تُذْكَرُ الْجَنَّةُ وَالنَّارُ فَلَا تَبْكِي، وَتَبْكِي مِنْ هَذَا؟ فَقَالَ: إِنَّ رَسُولَ اللهِ صلى الله عليه وسلم قَالَ:
«إِنَّ الْقَبْرَ أَوَّلُ مَنْزِلٍ مِنْ مَنَازِلِ الْآخِرَةِ، فَإِنْ نَجَا مِنْهُ فَمَا بَعْدَهُ أَيْسَرُ مِنْهُ، وَإِنْ لَمْ يَنْجُ مِنْهُ فَمَا بَعْدَهُ أَشَدُّ مِنْهُ».

[حسن] - [رواه الترمذي وابن ماجه] - [سنن الترمذي: 2308]
المزيــد ...

Од Хани, ослободениот роб на Осман, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Кога Осман ќе застанеше покрај некој гроб, плачеше сè додека не му се навлажнеше брадата од солзи. Му рекоа: ,Те потсетуваме на Џенетот и Џехенемот – и не плачеш, а плачеш кога ќе застанеш покрај гроб?‘ Тој одговори: ,Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
Гробот е првата станица од станиците на Ахиретот – ако човекот се спаси од него, тогаш она што доаѓа потоа ќе биде полесно; но ако не се спаси, тогаш она што следи е уште потешко.‘“

[حسن] - [رواه الترمذي وابن ماجه] - [سنن الترمذي - 2308]

Објаснување

Владарот на верниците, Осман бин Афан, Аллах нека е задоволен со него, кога ќе застанеше покрај гроб, толку многу плачеше што му се натопуваше брадата од солзи. Му рекоа: „Те потсетуваме на Џенетот и Џехенемот, а не плачеш – ниту од копнеж по Џенетот, ниту од страв од Џехенемот – а плачеш кога ќе застанеш покрај гроб?!“ Тој одговори: „Навистина, Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ извести дека гробот е првата станица од станиците на Ахиретот – па ако човекот се спаси и се избави од неговата казна, тогаш она што доаѓа потоа ќе биде полесно; но ако не се спаси, тогаш она што следи е уште потешко.“

من فوائد الحديث

  1. Приказ на стравот што Осман, Аллах нека е задоволен со него, го имал од Аллах – и покрај тоа што бил од оние на кои им е ветен Џенетот.
  2. Дозволеноста и препорачливоста на плачењето при потсетувањето на состојбите и настаните во гробот и на Судниот ден.
  3. Потврда за постоењето на уживањето(наградата) и на казната во гробот.
  4. Предупредување за казната во гробот.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (40)