عن عبد الله بن عمرو رضي الله عنهما قال: قال رسول الله صلى الله عليه وسلم:
«يقالُ لصاحبِ القرآن: اقرَأ وارتَقِ، ورتِّل كما كُنْتَ ترتِّل في الدُنيا، فإن منزِلَكَ عندَ آخرِ آية تقرؤها».

[حسن] - [رواه أبو داود والترمذي والنسائي في الكبرى وأحمد] - [سنن أبي داود: 1464]
المزيــد ...

Абдуллах бин Амр, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„На читачот на Куранот ќе му се каже: Читај и искачувај се, и рецитирај како што рецитираше на дуњалукот, бидејќи твоето место ќе биде кај последниот ајет што ќе го прочиташ.“

[حسن] - [رواه أبو داود والترمذي والنسائي في الكبرى وأحمد] - [سنن أبي داود - 1464]

Објаснување

Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснува дека ќе му се каже на учачот на Куранот, кој работел според него и постојано го учел и рецитирал, кога ќе влезе во Џенетот: Читај го Куранот и искачувај се по џенетските степени, и рецитирај како што рецитираше на дуњалукот со исправност и смиреност, бидејќи твоето место ќе биде на последниот ајет што ќе го проучиш.

من فوائد الحديث

  1. Наградата е според делата, во обем и во форма.
  2. Поттик за рецитирањето на Куранот, неговото учење напамет, размислувањето за неговите ајети и работењето според Куранот.
  3. Џенетот има многу нивоа и степени, каде што највисоките ги добиваат рецитаторите на Куранот.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (65)