عَنْ أَبِي أُمَامَةَ البَاهِلِيِّ رَضيَ اللهُ عنه قَالَ: ذُكِرَ لِرَسُولِ اللهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ رَجُلاَنِ أَحَدُهُمَا عَابِدٌ وَالآخَرُ عَالِمٌ، فَقَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«فَضْلُ العَالِمِ عَلَى العَابِدِ كَفَضْلِي عَلَى أَدْنَاكُمْ»، ثُمَّ قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ: «إِنَّ اللَّهَ وَمَلاَئِكَتَهُ وَأَهْلَ السَّمَوَاتِ وَالأَرَضِينَ حَتَّى النَّمْلَةَ فِي جُحْرِهَا وَحَتَّى الحُوتَ لَيُصَلُّونَ عَلَى مُعَلِّمِ النَّاسِ الخَيْرَ».

[حسن لغيره] - [رواه الترمذي] - [سنن الترمذي: 2685]
المزيــد ...

Ебу Умаме ел-Бахили, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Пред Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беа спомнати двајца мажи – едниот посветен на ибадет, а другиот учен. Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече:
„Предноста на учениот над оној што се занимава само со ибадет е како мојата предност над оној со најниска положба меѓу вас.“ Потоа рече: „Навистина Аллах, Неговите мелеци, жителите на небесата и земјата – па дури и мравката во своето гнездо и рибата во морето – молат благослов за оној кој ги подучува луѓето на доброто.“

[حسن لغيره] - [رواه الترمذي] - [سنن الترمذي - 2685]

Објаснување

Пред Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беа спомнати двајца мажи – едниот посветен на ибадет, а другиот учен. Го прашаа: „Кој од нив е подобар?“
Тој, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Предноста на учениот кој ги поседува шеријатските науки, постапува според нив и ги подучува другите, над оној кој е посветен само на ибадет и има знаење само за она што е должен да го знае, е како мојата предност и чест над оној со најниска положба меѓу асхабите.“ Потоа рече: „Навистина Аллах, Неговите мелеци – меѓу нив и оние кои го носат Аршот, жителите на небесата од сите мелеци, жителите на Земјата од луѓето и џините, па дури и сите животни – мравката во своето гнездо под земја и рибата во морето – вклучувајќи ги суштествата на копно и во вода – сите тие прават дова за добро на оној што ги подучува луѓето на науките од верата, преку кои тие се спасуваат и постигнуваат успех.“

من فوائد الحديث

  1. Една од методите на повикување кон Аллах е поттикнувањето кон доброто и користењето примери.
  2. Големата чест што ја имаат учените кои го стекнале знаењето и ја исполниле неговата цел – преку постапување според него и повикување кон верата.
  3. Поттик за почитување на учените и учениците, и да му се молиме на Аллах за нив.
  4. Поттик за подучување на луѓето на доброто, бидејќи тоа е причина за нивниот спас и среќа.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (33)