عَنْ عَبْدِ اللَّهِ بْنِ عُمَرَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُمَا:
أَنَّ رَسُولَ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ وَهُوَ عَلَى المِنْبَرِ، وَذَكَرَ الصَّدَقَةَ، وَالتَّعَفُّفَ، وَالمَسْأَلَةَ: «اليَدُ العُلْيَا خَيْرٌ مِنَ اليَدِ السُّفْلَى، فَاليَدُ العُلْيَا: هِيَ المُنْفِقَةُ، وَالسُّفْلَى: هِيَ السَّائِلَةُ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 1429]
المزيــد ...

Абдулах бин Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува:
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, еднаш додека беше на минберот и зборуваше за садаката, воздржаноста и просењето, рече: ,Горната рака е подобра од долната – горната е таа што дава, а долната е таа што бара.‘“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 1429]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, додека држеше хутба на минберот, зборуваше за садаката и за воздржаноста од просењето, па рече: „Горната рака – онаа што дава и дели – е подобра и помила кај Аллах од долната рака – онаа што бара.“

من فوائد الحديث

  1. Хадисот укажува на вредноста на дарувањето и трошењето на имот во корисни и добри цели, како и на осудата на просењето.
  2. Во хадисот има поттик на воздржаност од барањето од луѓето и независност од нив, охрабрувајќи кон возвишени дела и избегнување на пониските, бидејќи Аллах ги сака возвишените работи.
  3. Рацете, според нивната вредност, се делат на четири степени:
  4. 1. Највредна е раката што дарува.
  5. 2. Потоа следи онаа што се воздржува од земање.
  6. 3. Потоа доаѓа онаа што зема без да бара.
  7. 4. А најниска е раката што бара.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (35)
Повеќе...