عَنْ أُبَيِّ بْنِ كَعْبٍ رضي الله عنه قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«يَا أَبَا الْمُنْذِرِ، أَتَدْرِي أَيُّ آيَةٍ مِنْ كِتَابِ اللهِ مَعَكَ أَعْظَمُ؟» قَالَ: قُلْتُ: اللهُ وَرَسُولُهُ أَعْلَمُ. قَالَ: «يَا أَبَا الْمُنْذِرِ، أَتَدْرِي أَيُّ آيَةٍ مِنْ كِتَابِ اللهِ مَعَكَ أَعْظَمُ؟» قَالَ: قُلْتُ: {اللهُ لا إِلَهَ إِلا هُوَ الْحَيُّ الْقَيُّومُ} [البقرة: 255]. قَالَ: فَضَرَبَ فِي صَدْرِي، وَقَالَ: «وَاللهِ لِيَهْنِكَ الْعِلْمُ، أَبَا الْمُنْذِرِ».
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 810]
المزيــد ...
Убејј бин Каб, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„О Ебу Мунзир, знаеш ли кој е највредниот ајет во Аллаховата Книга?“ Одговорив: „Аллах и Неговиот Пратеник најдобро знаат.“ Пратеникот повторно праша: „О Ебу Мунзир, знаеш ли кој е највредниот ајет во Аллаховата Книга?“ Одговорив: „Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател!“ Тогаш тој ме удри по градите и рече: „Ти честитам на знаењето, Ебу Мунзир.“
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 810]
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го прашал Убеј бин Каб кој е највредниот ајет во Аллаховата Книга. Убеј прво се двоумел, а потоа одговорил дека тоа е Ајетул Курси (Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател). Божјиот пратеник го потврдил одговорот и го удрил по градите како знак дека се исполнети со знаење и мудрост, и направил дова за него да биде среќен со ова знаење и да му биде олеснето.