عَن أُمِّ الدَّرْدَاءِ وَ أَبِي الدَّرداءِ رَضيَ اللهُ عنهما أَنَّ النَّبِيَّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ كَانَ يَقُولُ:
«دَعْوَةُ الْمَرْءِ الْمُسْلِمِ لِأَخِيهِ بِظَهْرِ الْغَيْبِ مُسْتَجَابَةٌ، عِنْدَ رَأْسِهِ مَلَكٌ مُوَكَّلٌ كُلَّمَا دَعَا لِأَخِيهِ بِخَيْرٍ، قَالَ الْمَلَكُ الْمُوَكَّلُ بِهِ: آمِينَ وَلَكَ بِمِثْلٍ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2733]
المزيــد ...

Од Уму Дерда и Ебу Дерда, Аллах нека е задоволен со нив, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, велел:
„Довата на муслиманот за неговиот брат, во негово отсуство, е прифатена. Кај неговата глава стои мелек задолжен за тоа; секогаш кога тој ќе замоли добро за својот брат, задолжениот мелек вели: ,Амин, и за тебе исто така.’“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2733]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека довата на муслиманот за неговиот брат, во негово отсуство, е примена, затоа што тоа е најјасен израз на искреност. Кај главата на оној што прави дова стои задолжен мелек, кој секојпат кога тој ќе замоли добро за својот брат, вели: „Амин, и за тебе нека е истото што го замоли за твојот брат.“

من فوائد الحديث

  1. Поттик за верниците да прават добро еден на друг – дури и преку дова.
  2. Довата во отсуство на братот верник е јасен показател за искреноста на иманот и вистинското братство.
  3. Посебната вредност на довата во отсуство е во тоа што таа е најсилен израз на искреност и присуство на срцето.
  4. Една од причините за примање на довата е кога муслиманот прави дова за својот брат во негово отсуство.
  5. Ен-Невеви рекол: „Вредноста на довата за братот муслиман во негово отсуство. Дури и ако човекот дови за група муслимани, ја добива истата награда. А ако дови за сите муслимани – очигледно е дека и тогаш ја добива. Некои од првите генерации, кога сакаа да направат дова за себе, најпрво правеа дова за својот брат муслиман – бидејќи таа дова се прима, а нему му се запишува истото.“
  6. Хадисот укажува и на дел од задачите на мелеците, меѓу кои има и такви што Аллах ги задолжил со оваа должност.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (35)