+ -

عَنْ سَعْدِ بنِ أبي وَقَّاصٍ رَضيَ اللهُ عنه قَالَ:
كُنَّا عِنْدَ رَسُولِ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، فَقَالَ: «أَيَعْجِزُ أَحَدُكُمْ أَنْ يَكْسِبَ، كُلَّ يَوْمٍ أَلْفَ حَسَنَةٍ؟» فَسَأَلَهُ سَائِلٌ مِنْ جُلَسَائِهِ: كَيْفَ يَكْسِبُ أَحَدُنَا أَلْفَ حَسَنَةٍ؟ قَالَ: «يُسَبِّحُ مِائَةَ تَسْبِيحَةٍ، فَيُكْتَبُ لَهُ أَلْفُ حَسَنَةٍ، أَوْ يُحَطُّ عَنْهُ أَلْفُ خَطِيئَةٍ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2698]
المزيــد ...

Сад бин Ебу Векас, Аллах нека е задоволен со него, раскажува:
Седевме кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога тој рече: „Зарем некој од вас не е способен секој ден да заработи илјада добри дела?“ Еден од присутните праша: „Како може некој од нас да стекне илјада добри дела?“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Кој ќе изговори ,субханаллах‘ стопати, ќе му се запишат илјада добри дела или ќе му се избришат илјада лоши дела.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2698]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги праша асхабите: „Зарем некој од вас не е во можност секој ден да заработи илјада добри дела?“ Еден од присутните рече: „Како човек може толку лесно да стекне илјада добри дела за еден ден?“ Тој одговори: „Кога ќе изговори ,субханаллах‘ стопати, ќе му се запишат илјада добри дела – бидејќи секое добро дело се наградува десеткратно – или ќе му се избришат илјада лоши дела.“

من فوائد الحديث

  1. Поттик за стремеж кон доблестите, бидејќи тие се скалило кон сите други ибадети.
  2. Вредноста на тесбихот и спомнувањето на Аллах: со ова лесно дело, кое не бара никаков напор, човек може да заработи огромна награда.
  3. Асхабите се одликувале со тоа што без одлагање се натпреварувале во добрите дела.
  4. Наградата за добрите дела се зголемува десеткратно, како што Возвишениот вели:
  5. „Кој ќе стори добро дело, ќе биде десетократно награден.“ (Ел-Енам, 160)
  6. Ова е најнискиот степен на зголемување, а во други хадиси е спомнато зголемување и до седумстотини пати.
  7. Во некои верзии на хадисот, наместо „или ќе му се избришат“ стои „и ќе му се избришат“. Ел-Кари рекол: „Буквата ,и‘ може да значи и ,или‘, па нема противречност меѓу преданијата. Значењето е дека оној што ќе го изговара тесбихот ќе му се запишат илјада добри дела, а ако има гревови – дел од нив ќе му се избришат и дел ќе му се запишат како добри дела. Можно е и да му се соберат двете награди – и запишување на добрите дела и бришење на гревовите – а Аллаховата милост е уште поширока од тоа.“ Завршен цитат.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Свахили التايلندية الأسامية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية الدرية الرومانية المجرية الجورجية الخميرية الماراثية
Преглед на преводи