عَنْ ابْنِ عُمَرَ رَضيَ اللهُ عنهُما أَنَّهُ سَمِعَ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«مَا حَقُّ امْرِئٍ مُسْلِمٍ لَهُ شَيْءٌ يُوصِي فِيهِ، يَبِيتُ ثَلَاثَ لَيَالٍ، إِلَّا وَوَصِيَّتُهُ عِنْدَهُ مَكْتُوبَةٌ»، قَالَ عَبْدُ اللهِ بْنُ عُمَرَ رضي الله عنهما: «مَا مَرَّتْ عَلَيَّ لَيْلَةٌ مُنْذُ سَمِعْتُ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ ذَلِكَ إِلَّا وَعِنْدِي وَصِيَّتِي».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 1627]
المزيــد ...

Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува дека слушнал како Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели:
„Секој муслиман што има нешто за тестамент – не треба да поминат три ноќи, а тој да го нема тестаментот напишан кај себе.“ А Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Откако го слушнав тоа од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не помина ниту една ноќ, а да не го имав тестаментот подготвено кај мене.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 1627]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека не му прилега на муслиман кој поседува нешто за што сака да остави тестамент – било да е право или имот, макар и да е мал – да поминат три ноќи, а тој да го нема тестаментот напишан кај себе. Абдулах бин Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, рекол: „Откако го слушнав тоа од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не помина ниту една ноќ, а да не го имав мојот тестамент подготвен кај мене.“

من فوائد الحديث

  1. Пропишаноста на составување тестамент и препораката да се побрза со тоа – со цел за појаснување на обврските, исполнување на шеријатските наредби, подготвеност за смртта и јасна претстава за тоа кому и на што се однесува тестаментот – пред човекот да биде спречен или зафатен со други работи.
  2. Терминот „тестамент“ (васиет) значи завештана обврска или доверено завештание, и се однесува на тоа човекот да му довери на некого – по својата смрт – грижа за дел од својот имот, за своите малолетни деца, или за некаква друга работа поврзана со она што го поседувал во животот.
  3. Тестаментот се дели на три вида:
  4. 1. Препорачлив (мустехаб): кога човек одредува дел од својот имот за добротворни цели, надевајќи се дека наградата ќе му продолжи и по смртта.
  5. 2. Задолжителен (ваџиб): кога се однесува на обврски што му стојат – било кон Аллах (како неиздвоен зекат, шеријатска казна и сл.), или кон луѓето (како долг или доверена обврска).
  6. 3. Забранет (харам): ако во тестаментот одреди повеќе од една третина од имотот, или ако завешта нешто на лице кое веќе е наследник.
  7. Вредноста на Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, се огледа во неговото брзање во извршувањето на добри дела и во доследното следење на шеријатските прописи.
  8. Ибн Декик ел-Ид вели: „Дозволувањето рок од две или три ноќи е олеснување, за да се отстрани можната нелагодност и потешкотии.“
  9. Важните работи треба да се запишуваат во писмена форма, бидејќи таа е најсигурен начин за нивно чување и за заштита на правата.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (37)
Повеќе...