+ -

عَنْ سَلْمَانَ رَضيَ اللهُ عنه قَالَ:
قَالَ لَنَا الْمُشْرِكُونَ: إِنِّي أَرَى صَاحِبَكُمْ يُعَلِّمُكُمْ حَتَّى يُعَلِّمَكُمُ الْخِرَاءَةَ، فَقَالَ: أَجَلْ، إِنَّهُ نَهَانَا أَنْ يَسْتَنْجِيَ أَحَدُنَا بِيَمِينِهِ، أَوْ يَسْتَقْبِلَ الْقِبْلَةَ، وَنَهَى عَنِ الرَّوْثِ وَالْعِظَامِ وَقَالَ: «لَا يَسْتَنْجِي أَحَدُكُمْ بِدُونِ ثَلَاثَةِ أَحْجَارٍ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 262]
المزيــد ...

Од Селман, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол:
„Мушриците ни рекоа: ,Гледаме дека вашиот другар (Пратеникот) ве поучува на сè – дури и на правилата за вршење нужда.’ Тој одговори: ,Да, ни забрани некој од нас да се чисти со десната рака, или да биде свртен кон Киблата, и ни забрани чистење со измет и коски. И рече: „Никој од вас нека не се чисти со помалку од три камчиња.”’

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 262]

Објаснување

Селман ел-Фариси, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Мушриците ни рекоа подбивно: „Вашиот пратеник ве учи на сè – дури и како да вршите мала или голема нужда!“ Селман одговори: „Да, тој нè поучи на правилата на однесување при извршувањето на физиолошка потреба. Меѓу нив е и тоа што ни забрани, салаллаху алејхи ве селем, да се чистиме по нужда со десната рака – од почит кон неа и за да се заштити од нечистотија; ни забрани да бидеме свртени кон Киблата при вршење мала или голема нужда; и ни забрани чистење со измет од животни, нивните суви остатоци и со коска. Исто така, ни нареди при чистење да не користиме помалку од три камчиња.“

من فوائد الحديث

  1. Појаснување на севкупноста и совршенството на исламскиот шеријат во сè што им е потребно на луѓето.
  2. Појаснување на одредени правила на однесување при вршењето физиолошка потреба и чистење.
  3. Забрана за свртување кон Киблата при вршењето мала или голема нужда, поради зборовите: „ни забрани“, а основата во забраната е дека укажува на харам.
  4. Забрана за чистење по нужда со десната рака, од почит кон неа.
  5. Предноста на десната рака над левата, бидејќи левата се користи за отстранување на нечистотии, а десната за останатите работи.
  6. Обврска да се отстрани нечистотијата со вода или камчиња, без разлика дали нечистотијата е мала или голема.
  7. Забрана за чистење со помалку од три камчиња, бидејќи помалку од тоа вообичаено не ја отстранува целосно нечистотијата.
  8. Сè што ја постигнува целта на чистењето и отстранување на нечистотијата е дозволено, а Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ги спомнал камчињата затоа што тие биле најчестиот начин, и ова не значи дека се исклучени други средства.
  9. Препорачливо е чистењето со камчиња да завршува со непарен број; ако чистењето заврши со четири камчиња, се препорачува да се додаде петто, и така натаму, поради неговите зборови, салаллаху алејхи ве селем: „Кој се чисти со камчиња, нека го прави тоа со непарен број.“
  10. Забрана за чистење со измет, бидејќи тој или е нечист, или е храна за животните на џините.
  11. Забрането е чистење со коска, бидејќи таа или е нечиста, или претставува храна за самите џини.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Свахили التايلندية الأسامية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية الدرية الرومانية المجرية الجورجية الخميرية الماراثية
Преглед на преводи
Повеќе...