+ -

عَنْ عُمَرَ بْنِ الخَطَّابِ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ:
أَنَّ رَجُلًا عَلَى عَهْدِ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ كَانَ اسْمُهُ عَبْدَ اللَّهِ، وَكَانَ يُلَقَّبُ حِمَارًا، وَكَانَ يُضْحِكُ رَسُولَ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، وَكَانَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَدْ جَلَدَهُ فِي الشَّرَابِ، فَأُتِيَ بِهِ يَوْمًا فَأَمَرَ بِهِ فَجُلِدَ، فَقَالَ رَجُلٌ مِنَ القَوْمِ: اللَّهُمَّ الْعَنْهُ، مَا أَكْثَرَ مَا يُؤْتَى بِهِ؟ فَقَالَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ: «لاَ تَلْعَنُوهُ، فَوَاللَّهِ مَا عَلِمْتُ أَنَّهُ يُحِبُّ اللَّهَ وَرَسُولَهُ».

[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري: 6780]
المزيــد ...

Омер бин ел-Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека
во времето на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, имаше еден човек по име Абдулах, кого луѓето го викаа „Химар.“ Тој знаеше да го насмее Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, веќе го казнил со камшикување заради пиење вино. Еден ден повторно го доведоа кај него, па тој нареди да биде камшикуван. Тогаш еден човек од присутните рече: „Аллах да го проколне, колку многу пати го доведуваат за ова!“ Но, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Не проколнувајте го! Се колнам во Аллах, јас знам дека тој Го сака Аллах и Неговиот пратеник.“

-

Објаснување

Во времето на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, живеел човек по име Абдулах, наречен „Химар“. Тој често со своите зборови знаел да го насмее Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, повеќе го камшикувал заради пиење вино, но еден ден повторно го доведоа поради истото, па Пратеникот нареди да биде камшикуван. Некој од присутните го навредил и рекол: „Аллах да го проколне, колку многу пати го доведуваат заради пиење вино!“
Но, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го спречи и рече: „Не правете дова против него да биде оддалечен од Аллаховата милост. Се колнам во Аллах, јас знам дека тој Го сака Аллах и Неговиот пратеник.“

من فوائد الحديث

  1. Нема спротивност меѓу тоа човек да направи забрането дело, а во неговото срце сепак да постои љубов кон Аллах и Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем; бидејќи тој известил дека спомнатиот човек Го сака Аллах и Неговиот пратеник, и покрај тоа што направил престап.
  2. Оној што прави голем грев, ако умре истрајувајќи во него, неговата состојба зависи од Аллаховата волја: ако сака Аллах ќе му прости, а ако сака ќе го казни. Но никој од припадниците на исламот нема да остане вечно во Џехенемот.
  3. Се смета за непримерно дело да се проколнува поединечно човек кој пиел вино, бидејќи можно е да постои причина што ќе го спречи проклетството да го опфати; а и затоа што проколнувањето на поединец и довата против него може да го поттикне да истрае во гревот или да го обесхрабри од покајание.
  4. Дозволено е да се проколнуваат воопштено оние што се опишуваат со тоа дело, без да се посочи одредена личност.
Превод: Бенгалски Виетнамски Курдски Португалски التايلندية الدرية المجرية الجورجية
Преглед на преводи