+ -

عَنْ عَائِشَةَ أُمِّ المُؤْمِنينَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهَا قَالَتْ:
كَانَ فِرَاشُ رَسُولِ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ مِنْ أَدَمٍ، وَحَشْوُهُ مِنْ لِيفٍ، وَلِمُسلمٍ: كَانَ وِسَادَةُ رَسُولِ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ الَّتِي يَتَّكِئُ عَلَيْهَا مِنْ أَدَمٍ حَشْوُهَا لِيفٌ.

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 6456]
المزيــد ...

Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, рекла:
„Постелата на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше од кожа, и беше наполнета со палмини влакна.“ А кај Муслим се пренесува: „Перницата на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на која се потпираше, беше од кожа, и беше наполнета со палмини влакна.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 6456]

Објаснување

Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, известува дека постелата на која спиел Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, била направена од обработена кожа и беше наполнета со палмини влакна. Таква била и неговата перница на која се потпирал.

من فوائد الحديث

  1. Овој хадис покажува во каков зухд и оддалеченост од удобностите на дуњалукот живеел Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, иако Возвишениот Аллах му овозможил – ако посака – да ужива во нив.
  2. Дозволеноста човекот да користи постели и перници, и да спие или да се потпира на нив.
  3. Верникот треба да го спореди својот живот со животот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, зашто тој е најдобриот пример. Оној кој ќе го следи неговиот пат, ќе биде упатен и успешен и на дуњалукот и на Ахиретот.
  4. Потсетување за важноста на подготовката за Ахиретот, и дека верникот треба да се задоволи од дуњалукот со она што му помага да му биде покорен на Аллах, а не да се преокупира со натпреварување во собирање имот и удобности. Аллах ги укорил оние што му се препуштиле на тоа во Неговите зборови:
  5. „Ве окупира натпреварувањето во умножувањето на богатството сè додека гробовите не ги населите.“ (Ет Текасур, 1-2)
Превод: Бенгалски Виетнамски Курдски Португалски التايلندية الدرية المجرية الجورجية
Преглед на преводи