عَنِ ابْنِ عَبَّاسٍ رضي الله عنهما قَالَ:
«بَيْنَمَا جِبْرِيلُ قَاعِدٌ عِنْدَ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ سَمِعَ نَقِيضًا مِنْ فَوْقِهِ، فَرَفَعَ رَأْسَهُ، فَقَالَ: هَذَا بَابٌ مِنَ السَّمَاءِ فُتِحَ الْيَوْمَ لَمْ يُفْتَحْ قَطُّ إِلَّا الْيَوْمَ، فَنَزَلَ مِنْهُ مَلَكٌ، فَقَالَ: هَذَا مَلَكٌ نَزَلَ إِلَى الْأَرْضِ لَمْ يَنْزِلْ قَطُّ إِلَّا الْيَوْمَ، فَسَلَّمَ، وَقَالَ: أَبْشِرْ بِنُورَيْنِ أُوتِيتَهُمَا لَمْ يُؤْتَهُمَا نَبِيٌّ قَبْلَكَ: فَاتِحَةُ الْكِتَابِ، وَخَوَاتِيمُ سُورَةِ الْبَقَرَةِ، لَنْ تَقْرَأَ بِحَرْفٍ مِنْهُمَا إِلَّا أُعْطِيتَهُ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 806]
المزيــد ...

Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува:
„Еднаш додека Џибрил седеше кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се слушна чудно шкрипење одозгора. Џибрил ја крена главата и рече: ,Ова е врата од небото што денес се отвори, а никогаш претходно не била отворена.‘ Од неа слезе еден мелек, па Џибрил рече: ,Ова е мелек кој денес слегува на Земјата – никогаш порано не слегол.’ Мелекот се поздрави со селам и рече: ,Прими ја радосната вест за двете светла што ти се дадени, а ниту еден пратеник пред тебе не ги добил: сурата Ел-Фатиха и последните ајети од сурата Ел-Бакаре. Нема да изговориш ниту една буква од нив, а да не ти биде дадено она што го бараш со нив.‘“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 806]

Објаснување

Мелекот Џибрил, алејхис селам, седел кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога одеднаш се слушнало шкрипење од небото – како шкрипење на врата што се отвора. Џибрил ја кренал главата и погледнал кон небото, па му рекол на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Ова е вратата од небото што денес се отвори, а никогаш претходно не била отворена.“
Од таа врата слезе мелек на Земјата, кој никогаш порано не слегол. Му пријде на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го поздрави со селам и рече: „Прими ја радосната вест за двете светла што ти се дадени, а кои ниту еден пратеник пред тебе не ги добил: сурата Ел-Фатиха и последните два ајета од сурата Ел-Бакаре. Нема да ги изговориш, па дури ни една буква од нив, а Аллах да не ти го даде она што е ветено во нив – доброто, довата и она што го бараш со нив.“

من فوائد الحديث

  1. Вредноста на сурата Ел-Фатиха и последните ајети од сурата Ел-Бакарe, и поттик тие да се рецитираат редовно и да се постапува според она што тие го содржат.
  2. Небото има врати од кои се спуштаат Аллаховите одредби, и тие се отвораат единствено со Негова дозвола.
  3. Истакнување на почеста на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кај неговиот Господар – бидејќи Аллах го одликувал со нешто со што не ги одликувал претходните пратеници: Му ги подарил овие две светла.
  4. Една од методите на повикувањето е на луѓето да им кажуваме радосни вести за награди за добрините.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (34)
Повеќе...