+ -

عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ قَالَ: قَالَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«مَا مِنَ الأَنْبِيَاءِ نَبِيٌّ إِلَّا أُعْطِيَ مَا مِثْلهُ آمَنَ عَلَيْهِ البَشَرُ، وَإِنَّمَا كَانَ الَّذِي أُوتِيتُ وَحْيًا أَوْحَاهُ اللَّهُ إِلَيَّ، فَأَرْجُو أَنْ أَكُونَ أَكْثَرَهُمْ تَابِعًا يَوْمَ القِيَامَةِ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 4981]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„На секој веровесник му било дадено нешто преку што луѓето поверувале во него. А она што ми беше дадено мене е објавата што Аллах ми ја објави. Затоа се надевам дека на Судниот ден ќе имам најмногу следбеници.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 4981]

Објаснување

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, спомнал дека сите веровесници Аллах ги поткрепил и им дал знаци и натприродни чуда со кои се докажувала нивната веровесничка мисија и со кои луѓето што ги гледале требало да поверуваат во нивната вистинитост. Тоа биле докази што човек не можел да ги одбие, иако некои од инает ги негирале и упорно им се спротивставувале. Неговиот, салаллаху алејхи ве селем, најголем знак и муџиза е Куранот – објавата што Аллах му ја објавил, во која има јасен доказ, повик кон верата и вести за иднината; чија корист ја опфаќа целата човечка историја – и оние што постоеле, и оние што ќе дојдат по нив. Потоа рекол: „Се надевам дека на Судниот ден јас ќе имам најмногу следбеници.“

من فوائد الحديث

  1. Потврда дека Аллах им дал знаци на веровесниците – што е израз на Неговата сомилост и добрина кон народите.
  2. Појаснување за величината на муџизата на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем.
  3. Појаснување за возвишената положба на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, и за неговото одличие над другите веровесници.
  4. Ибн Хаџер, коментирајќи ги зборовите: „Она што ми беше дадено е објава што Аллах ми ја објави,“ рекол: „Не е целта да се ограничи бројот на неговите муџизи само на ова, ниту дека тој не го добил од муџизите она што го добиле претходните веровесници. Туку значењето е дека ова е неговата најголема муџиза, со која е одликуван над сите други.“
  5. Имамот ен-Невеви рекол за зборовите: „Се надевам дека јас ќе бидам оној со најмногу следбеници“ – „Ова е еден од доказите за вистинитоста на неговата веровесничка мисија. Тој го кажал тоа во време кога муслиманите биле малубројни, а потоа Аллах им даде победа, им даде многубројност и им даде благослов, сè додека исламот не се прошири на сите страни до степенот што го гледаме денес – благодарноста му припаѓа на Аллах.“
Превод: Индонезиски Бенгалски Виетнамски Курдски Португалски التايلندية الدرية المجرية الجورجية
Преглед на преводи
Повеќе...