+ -

عَنْ قَتَادَةَ قَالَ:
سُئِلَ أَنَسٌ كَيْفَ كَانَتْ قِرَاءَةُ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ؟ فَقَالَ: «كَانَتْ مَدًّا»، ثُمَّ قَرَأَ: {بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ} [الفاتحة: 1] يَمُدُّ بِبِسْمِ اللَّهِ، وَيَمُدُّ بِالرَّحْمَنِ، وَيَمُدُّ بِالرَّحِيمِ.

[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري: 5046]
المزيــد ...

Катаде раскажува:
Енес, Аллах нека е задоволен со него, бил прашан: „Какво беше рецитирањето на Куранот од страна на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем?“ Тој одговорил: „Тоа беше со продолжување (т.е. со мед).“ Потоа рецитирал: „Бисмиллахир Рахманир Рахим“ (Ел-Фатиха: 1) – па оддолжуваше во „Бисмиллах“, потоа „Ер-Рахман“, па „Ер-Рахим“.

-

Објаснување

Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, бил прашан како Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го рецитирал Куранот. Тој рекол: „Го оддолжуваше гласот во рецитирањето.“ – па ја оддожуваше буквата „лам“ во „Аллах“, буквата „мим“ во „Ер-Рахман“ и буквата „ха“ во „Ер-Рахим“.

من فوائد الحديث

  1. „Мед“ значи продолжување и целосно изговарање на самогласниците– елиф, вав и ја – кога се со сукун (без вокал) и пред нив има соодветен харекат (вокал).
  2. Хадисот го појаснува начинот на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, во рецитирањето на Куранот.
  3. Практичен пример за тоа како Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го рецитирал Куранот.
  4. Ес-Синди рекол: „Зборовите ,го оддолжуваше гласот’ значат дека ги оддолжуваше буквите што го дозволуваат оддолжувањето, за да се помогне во размислување, во разбирање и за потсетување.“
  5. Важноста на познавањето на теџвидот и науките за Куранот.
  6. Разбирањето на верските текстови се враќа кај учените – како што беше прашан Енес, Аллах нека е задоволен со него, кој па му објаснил на тој што праша.
Превод: Индонезиски Бенгалски Виетнамски Курдски Португалски التايلندية الأسامية الدرية المجرية الجورجية
Преглед на преводи