+ -

عَنْ أبي سَلَمَةَ بْنِ عَبْدِ الرَّحْمَنِ أَنَّ جَابِرَ بْنَ عَبْدِ اللَّهِ الأَنْصَارِيِّ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُمَا قَالَ: وَهُوَ يُحَدِّثُ عَنْ فَتْرَةِ الوَحْيِ، فَقَالَ فِي حَدِيثِهِ:
«بَيْنَا أَنَا أَمْشِي إِذْ سَمِعْتُ صَوْتًا مِنَ السَّمَاءِ، فَرَفَعْتُ بَصَرِي، فَإِذَا المَلَكُ الَّذِي جَاءَنِي بِحِرَاءٍ جَالِسٌ عَلَى كُرْسِيٍّ بَيْنَ السَّمَاءِ وَالأَرْضِ، فَرُعِبْتُ مِنْهُ، فَرَجَعْتُ فَقُلْتُ: زَمِّلُونِي، فَأَنْزَلَ اللَّهُ تَعَالَى: {يَا أَيُّهَا المُدَّثِّرُ1 قُمْ فَأَنْذِرْ} [المدثر: 2] إِلَى قَوْلِهِ {وَالرُّجْزَ فَاهْجُرْ} [المدثر: 5]. فَحَمِيَ الوَحْيُ وَتَتَابَعَ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 4]
المزيــد ...

Ебу Селеме бин Абдурахман пренесува дека Џабир бин Абдулах ел-Енсари, Аллах нека е задоволен со обајцата, раскажувајќи за периодот на прекинот на објавата, Пратеникот рекол:
„Додека одев, слушнав глас од небото, па го подигнав својот поглед и го видов истиот мелек што ми дојде кај Хира – седеше на престол меѓу небото и Земјата. Се исплашив од него и се вратив, велејќи: ,Покријте ме, покријте ме!ʻ Тогаш Возвишениот Аллах објави: ,О, ти покриен! Стани и опоменувај!‘ (ел-Мудесир: 1–2), сè до Неговите зборови: ,И стој настрана од идолите!‘ (ел-Мудесир: 5). Така објавата почна повторно и продолжи да доаѓа постојано.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 4]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, раскажувајќи за прекинот на објавата на почетокот од неговата мисија, рекол: „Додека одев по улиците на Мека, слушнав глас од небото. Го подигнав погледот и го видов мелекот Џибрил – истиот оној што ми дојде во пештерата Хира – седеше на престол меѓу небото и земјата. Се исплашив и се вратив кај своето семејство, велејќи: ,Завиткајте ме во облека!ʻ. Тогаш Возвишениот Аллах објави: „О, ти покриен!“ - завиткан во облека, – „Стани и опоменувај!“ – т.е. стани, повикувај кон верата и предупреди ги оние што не веруваат. „И Господарот свој" – Кого Го обожуваш, – „величај Го!“ – величај Го и фали Го само Него. „И облеката своја исчисти ја!“ – чувај ја од нечистотија.
„И стој настрана од идолите!“ – целосно избегнувај ги.
По ова објавата повторно започна и продолжи да доаѓа редовно.“

من فوائد الحديث

  1. Прекинот на објавата кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за кратко време по објавата на зборовите на Возвишениот: „Читај.“
  2. Дозволено е човек да зборува за искушенијата низ кои поминал, откако тие ќе завршат – како израз на благодарност кон Аллах.
  3. Првото што било објавено по „Читај во името на Господарот твој Кој создава“ биле Аллаховите зборови: „О, ти покриен!“
  4. Аллахова милост и почест кон Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се гледа во тоа што му ја спуштал објавата без прекин сè до неговата смрт.
  5. Обврска е повикувањето кон Аллах и опоменувањето на оние што одбиваат, како и ширењето радосни вести за оние што Му се покоруваат.
  6. Обврска е чистењето на облеката за намаз, врз основа на зборовите на Аллах: „И облеката своја исчисти ја!“
  7. Обврска е верувањето во мелеците и во она што Аллах им го дал како должност и задача.
Превод: Бенгалски Виетнамски Курдски Португалски التايلندية الدرية المجرية الجورجية
Преглед на преводи